Ова никој не го очекуваше: Родителите ја принудуваат Чарли Ди Амелио да снима видеа?

Ова никој не го очекуваше: Родителите ја принудуваат Чарли Ди Амелио да снима видеа?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Чарли деновиве е погодена од негативни коментари кои го повредуваат нејзиното семејство. Таа реши да им стави крај и да се справи со корисниците кои ги шират.

Не е познато што ги натера фановите на Чарли Ди Амелио да заклучат дека нејзините родители ја натерале да стане ТикТокерка, но тоа ја растажило многу. Се појавија гласини кога во коментарите на едно од нејзините видеа коментираа дека изгледа незадоволно, пишува Seventeen.

Имено, во видеото, ТикТокерката ја витка косата и си ги мрда усните синхронизирано со песната „Falling“ од Тревор Даниел. Еден од следбениците на ова искоментира:

„Дали сум единствената на која Чарли и изгледа незадоволна?

Друг следбеник напиша сличен коментар:

„Дали сум единствената на која Чарли и изгледа тажно и како некој да ја принудува да снима видеа?“

@charlidamelio

Falling - Trevor Daniel

Тиктокерика ги негираше обвинувањата

Чарли одговори на овие зајадливи коментари од нејзините следбеници и ги коментираше теориите што навистина многу ја растажиле.

„Среќна сум што имам толку прекрасни родители и кога луѓето шират толку болни и лажни коментари, треба да имам став. Имам неверојатен татко и семејство кои никогаш не ме искористија или ме натераа да направам нешто. Ве молам, престанете да ширите лаги! Ако не сум расположна да снимам и објавувам, тогаш едноставно не го правам тоа, моите родители се грижат повеќе за моето ментално здравје отколку за што било друго.“


Овие наводни коментари многу ја повредиле ТикТокерката, на која семејството и е многу важно и ја обожава. Таа не сака луѓето да ги повредуваат, затоа се обидува да го запре ширењето лаги што е можно побрзо.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: