Ова се новите „Ураганки“: Дали ќе можат да ги заменат Ксенија, Ивана и Сања?
На Ксенија Кнежевиќ, Ивана Николиќ и Сања Вучиќ им истече договорот, „Ураганките“ во оригиналниот состав повеќе не постојат, меѓутоа сега јавноста ќе ги запознае новите членови.
Подмладокот на овој женски бенд го сочинуваат Јована Јадиќ, Миона Среќковиќ и Курума.
„Драги наши, конечно дојде време да ви се претставиме. Ние сме новите членови на групата „Хјурикејн“. Миона, Сара и Јована. Мораме да ви признаеме дека сме многу возбудени, среќни и почестени што сме наследнички на волку голем музички бенд. Се надеваме дека ќе ги оправдаме вашите очекувања, дека ќе уживате во нашите песни и дека ќе се дружиме на настапите и низ медиумите во иднина“ - порачаа новите пејачки на групата.
Во продолжение ве запознаваме со сите 3 поединечно, поточно преку кратката биографија:
# Јована Радиќ
Таа е родена на 12.10.2002 година во Краљево. Беше член во фрупата „Хјурикејн Јуниор“, а од неодамна официјално е првиот член на новата постава на групата „Хјурикејн“.
Студира на Факултетот за медиуми и комуникација. 9 години се занимавала со балет, 3 со гимнастика, а музиката вели дека е нејзина најголема љубов. Едвај чека публиката да ги слушне нивните песни.
# Миона Среќковиќ
Миона е вториот член во групата. Родена е на 9.12.2002 година во Париз, Франција. Со оглед на тоа дека по потекло е од Србија, нејзиниот акцент може да ви биде необичен, но сигурна е дека ќе ви биде симпатичен. Средно училиште завршила во Париз. Порано, учествувала на музичкото натпреварување „Неки нови клинци“, а минатата година во натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
# Сара Курума
Сара е родена во Белград на 12.01.2002 година. По потекло е од Гвинеја, Африка. Во Белград завршила музичка гимназија и средно музичко училиште. Тренирала атлетика 9 година и фудбал 3 години, но љубовта кон музиката победила и сега е трет член на групата „Хјурикејн“.
фото: Принтскрин / Инстаграм