Ова се преубавите ќерки на Мила Јојовиќ: Најстарата е иста како мајка ѝ, а еве зошто сите три имаат машки имиња (ФОТО)

Ова се преубавите ќерки на Мила Јојовиќ: Најстарата е иста како мајка ѝ, а еве зошто сите три имаат машки имиња (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Најстарата ќерка на Мила се вика Евер (14), средната се вика Дашијел и има 7 години, а најмладата на почетокот на февруари наполни една годинка и се вика Ошин.

Актерката и манекенка Мила Јововиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со својата ќерка Евер. Фотографијата на која мајката и ќерката позираат ги воодушеви следбениците на Мила, а е направена додека биле во фризерски салон.

„Новите фризури за мајката и ќерката“ - напиша актерката и манекенка.

По оваа објава, започнаа коментарите: „Мини ти“, „Близначки“, „Неверојатно, вие сте идентични“.

Евер зборува три странски јазици, англиски, француски и руски, се занимава со карате и ги сака филмовите за Хари Потер. Има глумено во филмот на Марвел - „Black Widow“.

Инаку, Мила минатата година по трет пат стана мајка.

Малата Ошин Ларк е најмладото девојче во семејството, потоа следува Дашијел Едан.

Мила Јововиќ од 2009 година е во брак со режисерот Пол Андресон (54), кој го запозна на снимањето на филмот „Resident Evil“.

Двојката одлучи на ќерките да им даде машки имиња. Евер е шкотско име за личност силна како вепар. Името на втората ќерка, Габо, е создадено со преземање на иницијалите на имињата на бабата и дедото на Мила - Галина и Богдан. И најмладата Ошин, името го добила по океанот, за да биде моќна како него.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: