Ова се сите деца на Трамп: Еве како изгледаат и со што се занимаваат
Се смета дека ќерката Тифани Трамп на некој начин најмногу е маргинализирана во семејството Трамп, бидејќи не растела со нејзиниот татко.
Трамп ја добил Тифани со мисицата Марла Мејплс, жената поради која ја остави својата прва жена Ивана. Марла сама ја одгледела ќерката, но повеќе пати нагласила дека Доналд никогаш не пропуштил ниту еден важен настан и дека материјално се грижел за своето дете.
Инаку, Тифани е позната како девојка без дамки. Пријателите велат дека е многу фина и дека никогаш не ја видиле недолично да се однесува, а дури никогаш ја немале видено со чаша вино во рака.
Освен Тифани, Трамп има три деца од првиот брак со некогашната чешка манекенка Ивана Желничкова и синот Барон со сегашната сопруга Меланија Трамп.
Доналд Трамп Јуниор е најстариот син на претседателот на Америка. Доналд Јуниор со поранешната сопруга Ванеса има пет деца, а по разводот почнал да се забавува со атрактивната водителка, осум години постара од него - Кимберли Гилфојл.
Може да се каже дека ќерката Иванка Трамп е една од најуспешните членови на семејството. Меѓутоа, нејзиниот татко неколку пати ја згрозил јавноста со недоличните изјави за својата ќерка.
„Да, таа е навистина нешто посебно, а притоа и многу убава“ - ова е само една од низата слични изјави кои претседателот на Америка ги кажал за родената ќерка.
Иванка е директорка на една од организациите на Трамп, но и член на администрацијата на Белата куќа, а паралелно со тоа посветена е и на своите лични проекти во областа на модата. Од 2009 година е во брак со Џаред Кушнер, а имаат три деца.
Ерик Трамп е вториот син на Доналд, а заедно со братот Доналд Јуниор и сестрата Иванка ја води организацијата на Трамп. Познает е по учеството во реалното шоу „The Apprentice“. Оженет е со Лара Трамп, а во 2017 година го добиле синот Ерик Лук Трамп.
Денес најмногу внимание секако привлекува поранешната манекенка Меланија Трамп и актуелната прва дама на САД. Со Словенката, претседателот го доби синот Барон. Тинејџерот ретко се појавува во јавноста, но со текот на годините, родители се почесто го водат со себе на различни приеми и настани.
Тој посетува приватно училиште, каде една година чини околу 45.000.