Ова сигурно не го очекувала ни во најлудите соништа: Зендаја на Инстаграм ја сподели Констракта, српската евровизиска претставничка

Ова сигурно не го очекувала ни во најлудите соништа: Зендаја на Инстаграм ја сподели Констракта, српската евровизиска претставничка

Објавена во: Stars // Музика

Доколку некој пред 7 дена ѝ кажеше на Ана Ѓуриќ дека на Инстаграм ќе ја „сподели“ познатата Зендаја, сигурно не би му поверувала...

Ана Ѓуриќ Констракта веќе со денови е главна тема во медиумите, на Јутјуб, во трендинг е во многу држави, ја коментира цела Европа, не само регионот... Откако победи на изборот за „Песна на Евровизија“, бурата околу „здравата уметница“ и песната „In corpore sano“ уште не стивнува.

Покрај сите прегледи и објави на социјалните мрежи, Констракта сè уште наидува на различни оспорувања, но нема сомнеж дека за рекордно кратко време успеа да стане вирална и тоа на глобално ниво.

Констракта веќе изјави дека победата не ја очекувала, а сигурно и дека не можела да очекува дека ќе се појави на Инстаграм профилот на една од најпознатите светски ѕвезди. Имено, таа се најде на сторито на актерката и пејачка Зендаја.

Зендаја на својот Инстаграм профил сподели топ - листа од најслушаните песни на најпопуларниот портал за текстови на песни, „Genius“. Песната на Констракта „In Corpore Sano“, со која ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија се најде помеѓу песните на познатите странски изведувачи како што се Канје Вест, Ед Ширан, Камила Кабелјо и многу други.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: