Ова видео има 2.5 милиони прегледи: Три едноставни начини како да го изморите своето куче

Ова видео има 2.5 милиони прегледи: Три едноставни начини како да го изморите своето куче

Објавена во: Совети // Семејство

Го сакате своето куче, но тоа е хиперактивно и немаме простор за да здивнете? Сте пробале различни методи, но ништо не помогнало?

Можеби ќе ви помогнат советите на сопственичката на кучиња, која на својот профил на ТикТок сподели видео. Во него таа опишува како физички да го изморите кучето, со помош на едноставни и бесплатни трикови.

Првиот начин е да ја наполните чинијата со храна која ќе му ја дадете на кучето. Потоа да додаде малку вода во оброкот и да го замрзнете. Изладената чинија ставете ја пред кучето: според тврдењето на оваа сопственичка, оваа активност ќе ја забавува барем 40 минути вашиот миленик.

Вториот совет е да го однесете кучето во посебна прошетка, во која ќе го одредите движењето со неговото душкање. И вие и вашето куче сигурно ќе се вратите дома уморни и задоволни.

За третиот совет, во стара крпа ставете неколку од омилените задоволства на својот миленик и врзете го во чвор. Потоа опуштено седнете со шоља кафе во раката и гледајте го кучето како ќе се обиде да дојде до храната.

@through.the.lleaves 20 mins of mental exercise = 1hr of physical exercise  #dogenrichment #dogtips #highenergydog #dogtraining #workingbreeds original sound - Chas

Ова видео има 2.5 милиони прегледи, а многу корисници искоментираа дека триковите навистина функционираат. Дали и на вас ви помогнаа овие совети?

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: