Оваа година беа матурантки: Ќерките на Миле Кузмановски израснаа во вистински убавици (ФОТО)

Оваа година беа матурантки: Ќерките на Миле Кузмановски израснаа во вистински убавици (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Еден од најпознатите пејачи на народна музика во Македонија, Миле Кузмановски сега е во среќен брак со сопругата Јасмина, со која се ожени неколку години по смртта на неговата покојна сопруга Вера.

Со Вера тој ги доби своите две ќерки, Ана и Јана. Тие оваа година беа матурантки во средното Медицинско училиште, каде и двете биле одлични ученички.



Во едно интервју за Женски магазин откри интересни факти за неговите ќерки.

„Тие не ја слушаат мојата музика. Но, веројатно со годините и со зрелоста ќе сфатат дека и оваа музика има вредност. Знам да им пуштам по некоја моја песна, да кажат, ова е добро или, но тие се техно генерација, слушаат електронска музика“ - посочи своевремено Миле.

Инаку, Миле, има уште една ќерка - Ева, која ја доби со сегашната сопруга Јасмина. Според семејните фотографии кои ги споделуваат на социјалните мрежи, тие одлично функционираат како семејство, а мора да посочиме и дека Јана и Ана навистина ја сакаат и чуваат својата помала сестра.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: