Овие две бои ќе владеат во 2021 година: Ќе бидат ИН во сѐ, од мода до ентериер
Овие две особено често ќе ги гледаме, а заедно изгледаат одлично...
Досега тие секогаш избираа една боја што ќе биде боја на годината, но оваа година направија исклучок и најавија дека во 2021 година ќе има дури две бои, зад кои се крие посебно значење.
Со оглед на тоа која боја е прогласена за хит боја на годината, различни индустрии ги прилагодуваат своите производи на тоа, бидејќи секако, тие сакаат да бидат во тренд. Така, одеднаш дизајнерите почнуваат да ја користат оваа боја повеќе во своите модни креации, мебелот и внатрешната декорација ставаат акцент на овие бои, едноставно се насекаде. Веќе 22 години Институтот за бои „Пантоне“ објавува која боја ќе биде бојата што ќе ја обележи претстојната година, а за 2021 година објавија дури две бои - сива и жолта.
Овие две бои можат да стојат како самостојни бои, но исто така изгледаат одлично заедно, па затоа и двете беа избрани. Со оглед на ситуацијата во светот што преовладува оваа година, овие две бои на тој начин пренесуваат порака на сила и надеж, нешто што на сите дефинитивно им треба. Жолтата е светла и шарена, а сивата е цврста и сигурна.
„Секоја од овие бои има свој емотивен аспект. Сивата е таа што има поголема поддршка и сила, практична основа ни е потребна, а жолтото се однесува на надеж, сончева светлина и добро расположение“ - објасни извршниот директор на Институтот, Леатрис Ајземан, како што пишува Journal.hr. Иако досега не сте чуле за Институтот за бои „Пантоне“, нивниот избор на бои на годината во голема мера влијае на различните сфери и различните индустрии.
Комбинациите на облека во кои ќе доминираат жолтата и сивата боја изгледаат одлично, а сите ние веќе со нетрпение очекуваме да ги комбинираме.