Овие хороскопски знаци го обожаваат летото, а останатите се жалат од него!

Овие хороскопски знаци го обожаваат летото, а останатите се жалат од него!

Некои хороскопски знакови ги обожаваат летото и сонцето, а некои со задоволство би побегнале во некоја северна земја.

Еве како секој хороскопски знак ги поднесува летните горештини:

Овен

Доколку навреме не побегнат од сонцето, прво ќе „експлодира“ нивното трпение, а доколку во нивна близина нема клима уред или вентилатор тогаш најдобро е да ги оставите на мир додека топлината не се ублажи.

Бик

Биковите се вистински хедонисти па нема да дозволат топлината да им стои на патот до уживањето. Можете да ги најдете под дебела сенка или во соба со клима уред како лежат на софа, додека го пијат омилениот ладен напиток.

Близнаци 

Исто така, не ги поднесуваат топлините. Никако не им се излегува од дома, па друштвото го викаат да дојде кај нив, но затоа ноќите и пријатните температури ги користат за да одат на некоја забава.

Рак

Сензибилните ракови тешко се прилагодуваат на високите температури поради кои стануваат нерасположени. Без оглед на тоа дали се наоѓаат на море, езеро или река, важно им е да се само со сомејството или добри пријатели.

Лав

Самоуверените лавови добро ги поднесуваат топлините. Летото е добра можност, лавот да ја соблече облеката од себе и да ги покаже своите атрибути со кои се гордее.

Девица

За време на летото девицата најчесто ќе ја најдете во ладовина, сокриена под широк шешир, кој ја штити од сончевите зраци. Во тој момент најверојатно на себе ќе нанесува крема за сончање со фактор 50. Сончањето за нив е губење време и голема закана за здравјето.

Вага

Вагите ни сами не може да одлучат дали го сакаат летото или не. Во еден момент се жалат на високите температури, а потоа воодушевено ќе кажат дека летото им е омилено годишно време.

Скорпија

Скорпијата не го сака сонцето директно, но затоа ги сака летните вечери кои се полни со сезуалност и таинственост. По природа Скорпиите се многу страствени па летото за нив често е можност за некоја авантура.

Стрелец

Едно е сигурно - стрелецот нема премногу да се жали на топлината, дури и кога му пречи. Обожава да патува, па ќе пронајде идеална дестинација на која ќе може во мир да се разлади.

Јарец

Кај јарецот клима уредот е пуштен 24 часа дневно, а за секој случај работат и вентилатори, а проблемот почнува кога ќе му дојде сметката за струја.

Водолија

Ќе даде се од себе на останатите да им покаже зошто летото е најдоброто годишно време. За водолиите летото е идеална можност за многу уживање на отворено во друштво со пријателите.

Риби

Нежните риби сакаат да уживаат во летото, топлите зајдисонца и опуштањето на плажа. Но скоро секое лето го споредуваат со минатиот годишен одмор или летото во кое најдобри си поминале. 

Можеби ќе ве интересира: