Лаги кои постојано си ги кажуваш себеси, а не треба!
Често е полесно да се игнорира проблемот и да се правиш дека сѐ во ред, отколку на глас да си признаеш дека нешто не е како што треба. Еве со кои реченици најчесто се лажеш себеси:
Не сум доволно добра - оваа реченица често ни служи како изговор кога нешто не се обидуваме да оствариме. Најлесно е да си пресудиш неуспех, бидејќи тоа значи дека не мора ни да се трудиш. Кажи си дека можеш или дека имаш волја да се обидеш. Доколку не успееш, ќе знаеш дека си дала се од себе и ќе се чувствуваш подобро.
Не сакам да разговарам за тоа - доколку не сакаш да разговараш на некоја тема со личноста што е пред тебе, тогаш тоа во ред. Но, мораш да пронајдеш личност на која ќе можеш да ѝ се довериш и во лоши моменти. Проблемите не е добро да ги чуваш во себе. Ако ништо друго, напиши ги во дневник.
Сѐ е во ред - никој не може секогаш да биде расположен. Престани да глумиш и признај ги своите чувства. Ништо нема лошо во тоа на глас да кажеш дека си тажна, осамена, нервозна, лута... И негативните чувства се дел од животот и мораш да научиш да ги прифатиш.
Не е важно - другарката пред нос ти го купила фустанот за кој штедиш со месеци, а твојата реакција е „Уживај, во ред е“. Престани на тој начин да ги омаловажуваш своите потреби и чувства. Доколку толку многу си го сакала и доколку ти било толку важно, тогаш не е во ред и имаш право да кажеш што чувствуваш.