Овие млади луѓе не бараат „брда и долини“: „За тебе“ помогна на 10 млади без родители

Овие млади луѓе не бараат „брда и долини“: „За тебе“ помогна на 10 млади без родители

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Во 2020-та година се формираше Здружение за помош и поддршка на деца без родители „За тебе“, кое всушност работи со младите лица кои пораснале без родители.

Ова е прва непрофитна организација во земјава која работи исклучиво со млади лица пораснати без родители, односно лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители.

„За тебе“ после неколкумесечна работа, со јавноста споделува дел од постигнатиот успех со првата група млади без родители.

Од тимот на „За тебе“ велат дека и покрај сите пречки кои годинава нѝ ги сервираше, тие дале сè од себе за младинците да не почувствуваат дека има застој во исполнување на нивните барања.

„Опфативме група на млади луѓе од 19 до 29 години. Секој од нив имаше различна потреба (храна, облека, наоѓање на место за живеење, мебел, велосипед за до работното место...), а ние заедно со индивидуални донатори успеавме да одговориме на нивните потреби“, вели Цеце Николова, претседател на Здружението.

Николова објаснува дека со голем дел од нив морале да почнат буквално 'од почеток', односно со наоѓање на облека, храна и основни потреби за нормален живот.

„Знаете, овие млади луѓе, пораснати без родители, не бараат 'брда и долини'. Тие само сакаат да имаат простор за живеење кој ќе може барем привремено да го наречат 'дом', сакаат сигурна работа и работодавци кои не го земаат предвид нивното тешко минато“, додава таа.

За краток временски период тие успеале да вработат 4 младинци, на што се исклучително горди.

„Единствената поддршка која ја добивме досега се индивидуални спонзорства и партнерства. Навистина сме среќни што има добри луѓе кои ја забележуваат позитивната страна на нашето работење. Но сепак, 10 младинци е бројка која во најбрз можен рок сакаме да ја зголемиме повеќекратно. Секаква помош е добредојдена“, заклучуваат од Здружението.

Сметка за донации: 210074137000164, НЛБ банка

Линк од Фејсбук страницата -

https://www.facebook.com/zdruzeniezatebe

Линк од Инстаграм профилот на „За тебе“ -

https://www.instagram.com/zatebe_official/


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: