Овие празници инвестирајте во најдобриот подарок за вашите најмили - Коко детско штедно осигурување

Овие празници инвестирајте во најдобриот подарок за вашите најмили - Коко детско штедно осигурување

Објавена во: После „Школо“ // PR

Новогодишните и Божиќните празници тропаат на врата, и сигурно веќе размислувате за купување подароци за вашите најмили. Додека се двоумите со што да ги изненадите оние што најмногу ви значат во животот, можеби треба да размислите да инвестирате во најдобриот подарок за иднината на вашите деца.

Родителите секогаш се трудат да им го дадат најдоброто на своите деца и нивна главна грижа е да им овозможат да имаат удобен и сигурен живот. Но, што ако најдоброто може да чини малку повеќе? Токму поради тоа, идеален подарок за овие празници може да биде купување полиса за детско штедно осигурување. Како и каде правилно да инвестирате, а притоа да имате максимални сигурни придобивки за вашата инвестиција?

Животното осигурување и детско штедење е форма на животно осигурување кое родителите или пак, бабите, дедовците и другите блиски роднини можат да го договорат за своите деца и внуци за да им помогнат да ги направат првите чекори во животот на возрасните. Ваквиот тип финансиски производ е план однапред изграден за да се постигне целта за финансирање на долгорочни финансиски обврски како што се високо образование, купување стан, автомобил, живот во странство, брак и слично.

Коко детското штедно осигурување е производ на Кроациа осигурување - живот и претставува полиса која обезбедува осигурување и воедно штедење за вашето дете, план за заштеда во корист на детето, којшто обезбедува штедење, дополнително осигурување и можност за инвестирање на дел од средствата во удели на финансискиот пазар и заштита од непредвидливи и несакани животни ситуации.

Коко детското штедење, каде што детето е единствен корисник на средствата, опфаќа деца од 1 месец до 13 години, а осигурувањето може да трае најмногу до 25-годишна возраст. Одвојувањето парични средства не секогаш е лесно и не секој има еднакви финансиски можности, па затоа кај Коко детското штедно осигурување постои можност за избор на динамиката на плаќање и сумата која се уплаќа.

Дополнителни придобивки, покрај сигурната исплата на осигурената сума и договарање месечно исплаќање на средства по доспевање на полисата, се можноста за зголемување на осигурената сума за 3% за постигнат одличен успех во средно образование, двојна осигурена сума во случај на несреќен случај на двата родители истовремено, можност Кроациа да продолжи со плаќање на премијата согласно условите за осигурување во случај на несакани последици за Договорувачот како и можност за дополнително осигурување на детето. Повеќе информации за овој тип осигурување, како и барање за изготвување на конкретна понуда согласно барањата и можностите може да се најде на следниот линк.

Сигурноста и стабилноста на полисата ја обезбедува компанијата Кроациа осигурување, која има огромно искуство во областа на животно и неживотно осигурување и претставува одличен избор за долгорочен партнер при осигурување на она што е најважно и најдрагоцено во животот. 

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: