Овој дедо бил фармер, а на 84 години станал јутјубер кој го следат илјадници луѓе: На сите им помага да се изборат со стресот

Овој дедо бил фармер, а на 84 години станал јутјубер кој го следат илјадници луѓе: На сите им помага да се изборат со стресот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Британецот Џон Батлер е поранешен фармер, а на 84 години стана јутјубер кој има 120.000 следбеници. Многумина му се благодарни на советите во борбата против анксиозноста за време на пандемијата на коронавирус.

Неговите видеа, во кои зборува за животот и медитациите, имаат милионски прегледи. По интервјуто во 2016 година стана популарен помеѓу оние кои практикуваат автономен сензорен рефлекс на меридијан (ASMR).

ASMR или автономниот сензорен рефлекс на меридијан често се опишува како одговор на телото во вид на одредени сензации и чувства. Тие сензации најчесто се претставени како благо скокоткање, свежина или бранови на енергија кои најчесто се јавуваат на темето и се шират низ телото.


И додека бил фармер, Батлер се занимавал со медитација. Со своите совети на другите првенствено им помага за ментално да се релаксираат. Како што вели и самиот, воопшто не знаел што е Јутјуб па многу малку знаел за интернетот. Неговиот Јујтуб канал се вика „Spiritual Unfoldment with John Butler“.

Голем број луѓе му се благодарни на советите за време на пандемијата на коронавирус.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: