ОВОЈ СЕПТЕМВРИ САМО НА ГЛЕЈ, НАЈНОВИТЕ ДОМАШНИ И РЕГИОНАЛНИ ХИТ СЕРИИ

ОВОЈ СЕПТЕМВРИ САМО НА ГЛЕЈ, НАЈНОВИТЕ ДОМАШНИ И РЕГИОНАЛНИ ХИТ СЕРИИ

Објавена во: После „Школо“ // PR

Домашната стриминг платформа Глеј , уште од своите почетоци, се издвојува од другите странски платформи присутни на македонскиот пазар,  со тоа што посебен акцент става на домашната и регионална продукција.

Овој септември, вашата омилена платформа ви ги носи најновите хит регионални серии, но и првата играна Глеј копродукција, домашната играна серија Куќен притвор.

Главниот лик во најновата македонска серија е добропознатиот  корумпиран инспектор Томе, од пансионот ПРЕСПАВ на браќата Бузалески. Томе го познаваат сите пасионирани гледачи на Преспав, но неговиот приватен живот беше тајна, се досега. Во Куќен притвор ќе ја запознаете неговата сопруга ( Ирена Ристиќ), нејзиниот 20 години помлад љубовник ( Дениз Абдула), комшиката Снеже( Јована Спасиќ), откачениот адвокат ( Сашко Коцев), судијата ( Зоран Љутков).

Серијата ,која веруваме ќе ве насмее до солзи уште во првата епизода, кога инспекторот Томе ќе биде осуден на триесетдневен притвор што, ќе мора да го издржува на домашната адреса, каде неговата сопруга живее со својот љубовник. Комичните сплетки и ликови кои ќе ве насмеат до солзи, ќе ве држат во неизвесност со секоја нова епизода. 

Куќен притвор е само почеток во идните планови на стриминг платформата Глеј за развој и финансиска поддршка на домашната продукција.

Доколку пак сте во потрага по добра регионална серија, повторно  Глеј е вашата дестинација за уживање. Па, и овој септември ви ги претставува моментално најголемите хитови од регионот:

Златни дечко ( Златното момче)

Српска хит серија, приказна за фудбалот инспириран од вистински настани. Неверојатниот фудбалски талент Денис Марковиќ кој игра во странски клуб, скапо ќе ја плати цената на своите пороци и задоволства. Неговата кариера е срушена, а тој назад во Србија очекува неговиот менаџер, коцкарот Чаки да му најде нов клуб.

Кога Чаки ќе “капитулира“, својот коцкарски долг ќе мора да го замени со продажба на Денис на браќата Ускоковиќ кои му го доделуваат поранешниот осуденик со златно срце Маки да го доведе во ред и тие да можат заработат од неговиот талент.

Главните улоги во серијата која има пет продолженија ги толкуваат Денис Муриќ, Игор Бенчина, Андрија Кузмановиќ, Петар Стругар, Љубомир Булајиќ, Алиса Радаковиќ, Јована Гавриловиќ...

Хотел Београд (Хотел Белград)

Срскиот заводник Милош Биковиќ, уште еднаш импресионира во маестрално одиграна улога на  белгадскиот шармер Павле. Љубовна приказна на релација Белград-Москва. Поранешниот сопственик на московскиот хотел „Елеон“, Паша, станува сопственик на хотел со пет ѕвезди во Белград, кој му го подарила неговата тетка.  Една бизарна сообраќајка на Паша преку ноќ му го менува живот. Му носи милионски долг и работа со мафијата.

За да го исплати долгот, мафијашкиот бос го принудува Паша да се ожени со неговата ќерка. Додека девојката се подготвува за својата свадба, Паша, по четири години разделба, ненадејно во Белград ја среќава својата руска љубов Даша (Дарја).

Главните улоги во ,,Хотел Београд“ ги толкуваат Милош Биковиќ, Дијана Пожарскаја, Јелисавета Орашанин, Љубомир Бандовиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Миодраг Радоњиќ, Александра Кузенкина, Борис Дерѓачов, Миљана Гавриловиќ.

Убице мог оца ( Убијците на мојот татко)

,,Убице мог оца“ е српска криминалистичка серија, добитник на титулата ,,Златна антена“ за најдобра серија, најдобра режија и најдобра главна улога, веднаш по своето премерно прикажување.

Еден млад полициски инспектор од Белград Александар Јаковљевиќ и покрај проблематичното однесување добива важен случај - убиена е ќерката на познат човек кој има фирма која гради најголем комплекс во регионот.

Александар го мачи и личната болка на никогаш нерасветленото убиство на неговиот татко кој бил полициски инспектор. Кога тој открива дека двете убиства се можеби поврзани, за него убиството на младата девојка станува мисија. На тој пат, нема да знае на кого да верува.

Хит серијата, на Глеј започнува во септември, со најава за нова сезона секој нареден месец.

Улоги: Вук Костиќ, Тихомир Станиќ, Марко Jанкетиќ, Нина Јанковиќ, Катарина Радивојевиќ, Небојша Глоговац, Елизабета Ѓоревска, Драган Mичановиќ, Наташа Нинковиќ, Пеѓа Бјелац, Елизабет Oрашанин, Славко Штимац, Мирјана Карановиќ, Александар Ѓурица ... гостин во првата епизода е пејачот Халид Бешлиќ.

 Глеј кога сакаш, каде сакаш и колку сакаш и уживај овој септември , со најдоброто од домашната, регионалната ,но и светската филмска продукција.

Gley.tv е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, на компјутер, како и на MaxTV приемниците.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: