Озборувањата и приказните не ја интересираат: Меган Маркл ги исклучи сите профили на социјалните мрежи
Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, војвотката од Сасекс, изјави дека нема профили на социјалните мрежи и дека не е запознаена со тоа што се пишува за неа на Интернет.
Меган Маркл на самитот „Најмоќни жени на следната генерација“, која ја организира магазинот „Форчн“, рече дека поради сопствено добро веќе подолго време не е на социјални мрежи.
Таа кажа дека е нејзин личен избор тоа што нема профил на ниту една социјална мрежа, дека не знае што се пишува за неа на Интернет и дека тоа било од голема помош за неа на повеќе начини.
Војвотката кажа дека таа го исклучила својот личен профил пред неколку години и дека принцот Хари сега го исклучил нивните заеднички профили на Инстаграм и Твитер.
Меган Маркл веќе со месеци ја води кампањата против негативните ефекти на социјалните мрежи. Таа со својот сопруг, прицот Хари ја напушти Велика Британија, најмногу поради непријателско натроените медиуми.
Хари и Меган сега живеат во Јужна Калифорнија, откако се откажаа должностите поврзани со кралската куќа, вклучувајќи го и приходот.
Извор: novosti.rs