Јавноста во шок: Што кажал Чарлс за Дијана пред венчавката?
Односот на принцот Чарлс и принцезата Дијана е предмет на бројни коментари од првиот момент кога се видени заедно. Шпекулациите за тоа каков бил нивниот однос траеле со децении и покрај тоа што нивниот брак завршил, а Дијана трагично го загуби животот.
Една од причините за тоа е тоа што непознатите информации за нивниот брак постојано се појавуваат во јавноста, без оглед на трудот на кралското семејство да ги сокрие. Токму тоа е случај со последното сознание за тоа што Чарлс им раскажал на своите пријатели само неколку часа пред да се ожени со Дијана, пишува Social Gazette.
Новиот документиран филм покажува дека разделбата на Чарлс и Дијана била неизбежна, со оглед на зборовите кои самиот тој ги изговорил пред венчавката.
Степенот на задоволство што Дијана и Чарлс го имаа во врска со „договорот за брак“ беше под знак прашалник, тврдат британските социјални хроничари, кои велат дека ниту тој, а ниту таа не биле сигурни дека се добар пар и не биле многу етузијастични околу стапувањето во брак.
Новите откритија покажуваат дека принцот Чарлс им се доверил на своите пријатели, изразувајќи ги сериозните сомнежи околу тоа дали Дијана може да биде во брак со него и дали тој ќе може да преживее.
Најголемата грижа му била разликата во години, за која сметал за несовладлива и поради што ја сметал Дијана за незрела личност. Дијана во тоа време имала 19 години, а Чарлс 32 години.
„Не знам колку сево ова заедно има смисла“ - наводно кажал на близок пријател.
Дијана пак претчувствува дека заедничкиот живот ќе им биде „тежок“, иако нејзе не ја мачеле годините, туку постоењето на Камила Паркер Боулс. Поради тоа наводно ги испрашувала најблиските пријатели на Чарлс, барајќи од нив да и кажат дали врската е навистина завршена, надевајќи се дека некако ќе дојде до вистината.