Панче Касапски ни подарува светски звук: Слушнете ја неговата нова песна „Наивно“ (ВИДЕО)

Панче Касапски ни подарува светски звук: Слушнете ја неговата нова песна „Наивно“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нов звук, од нешто модерно и светско. А, токму еден таков звук овојпат ни подарува младиот штипјанец Панче Касапски преку неговата песна со наслов „Наивно“. 

Станува збор за асид-џез тема, односно комбинација од диско, фанк, џез и сол, нешто што навистина е реткост да се слушне на овие простори. За музиката и аранжманот се потпишува токму Панче, додека текстот е дело на Робин Зимбаков. 

Песната е снимена во студиото на Роберт Билбилов. Инаку Панче за новата песна сними и доста интересен видеоспот и тоа на неколку локации во Белград. Видеото е снимено од Дарко Митев во соработка со Сергеј Смилков. Покрај Касапски, во спотот се појавува и еден од нашите најдобри модели со интернационална кариера, Вера Хаган.


Погледнете и уживајте:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: