Панчо ДНК за борбата со анксиозноста: Не знаев што ми се случува

Панчо ДНК за борбата со анксиозноста: Не знаев што ми се случува

Објавена во: Stars // Музика

Владимир Блажев – Панчо, дел од популарното дуо „ДНК“ и диџеј, е еден од ретките од нашата сцена, кој јавно прозборе за својата здраствена состојба и борбата со анксиозноста. Тој важи и за голем хуманист. Често на својата ФБ страна поттикнува добри дела. Неодамна подари мобилен телефон насамохрана мајка со четири дечиња.

Тој за Женски магазин открива кога првпат ги почувствувал симптомите на анксиозност.

- Анксиозноста не е болест, туку состојба на умот. Самиот збор значи живот и таа состојба најчесто им се случува на интелегентни и емотивни луѓе и на тие кои си поставуваат високи цели во животот. Прв пат со оваа состојба се запознав во 2004-2005 година. Не знаев што ми се случува. Ги направив сите испитувања, но ниту докторите не ми дадоа појаснување за состојбата. Во 2010 година таа го достигна зенитот. Се запознав одблиску со анксиозноста, која навистина може да биде голем непријател, доколку не ја прифатиш. Благодарение на една моја учителка, психологкоја работи како Јунгов аналитичар, успеав да се справам сам без никакви медикаменти. Иако имав страшни падови, работата и вербата во себе, поддршката на блиските, ми беа најголемите „лекарства”. Заврши и таа фазаи јас веќе бев подобар. Но, откако ја изгубив мајка ми, се повтори во најлошата можна фаза. Мислам дека тогаш го допрев дното. Симптомите се различни кај секого. Имав страв и панични напади. Тие ми се рефлектираа со страв од топло време и сонце, од инфаркт и смрт, од луѓе, метеж и јака светлина. Мојата работа е поврзана со скоро сите наведени нешта. Работев многу на себе, посетував психолог, читав психоаналитичка литература, слушав мотивациски говорници и почнав да посетувам акупунктура кај Др. Андријана на која сум бескрајно благодарен.

 ДОЛГИ И ТЕШКИ НОЌИ

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: