Панонскиот морнар во учебниците: Основците ќе ги учат овие три песни на Ѓорѓе Балашевиќ
За идните генерации...
Три песни на Ѓорѓе Балашевиќ влегува во учебниците по српски јазик за основно училиште во Србија.
Во учебниците за осмо одделение ќе се најде „Дрвена песма“, а во пониските одделенија на часот по српски јазик ќе се анализираат песните „Девојка са чардаш ногама“ и „Д-мол“.
„Важен е затоа што беше поразличен, а тоа е она што го одликува нашиот Ѓорѓе Балашевиќ. Ја имаме „Девојка со чардаш ногама“, весела, полетна песна. Потоа, „Д-мол“, тажна љубовна песна и за осмоодделенците „Дрвена песма“, која зборува за сонувањето на едно момче.“ - вели професорката Ивана Лучиќ од една основно училиште во Нови Сад.
„Не е баш лесно да се разберат и не се едноставни, па ова е одлична задача за наставниците кои заедно со учениците ќе ги анализираат песните, ќе ги пронаоѓаат стилските фигури, скриените мисли и пренесувањето на значењето“ - заклучува таа за „Курир“.