Парче облека во кое ќе изгледате како милион долари: Како ќе се носат тексас здолништата оваа сезона?
Ова парче облека никогаш нема да излезе од мода...
Без тексас здолниште ниту едно лето не може да помине. Ова парче може да се комбинира на безброј начини, па затоа е и едно од омилените на скоро сите дами.
Со тексас здолништето може да направите спортска комбинација или пак комбинација создадена за забави, во зависност од другите парчиња облека и додатоци. Едно здолниште ќе биде биде доволно за различни прилики. Кратката, миди и макси должина, сите тие ќе бидат во тренд ова лето, а на вас е само да го одберете моделот кој најмногу ви се допаѓа и кој најдобро одговара на вашето тело.
Доколку себе се нарекувате дама со стил, мора да имате барем едно вакво парче во својот плакар, велат модните експерти.
Погледнете ги фотктие во продолжение и пронајдете инспирација за следните комбинации:
фото: Profimedia