Парчиња облека кои секоја девојка ќе ја направат поатрактивна: Со овие 5 бидете сигурно дека ќе изгледате топ
Посебно делуваат на тоа како другите те доживуваат...
За оние прилики кога не сакаш ништо да ѝ препуштиш на случајноста и кога сакаш да изгледаш како најзгодната верзија од себе, ова се парчиња облека за кои е најдобро да се одлучиш. Ќе напраат да изгледаш малку подобро од она што си.
Иако сите имаме различни облици на тело и не ни стои на сите еднакво добро секое парче облека, постојат некои кои се исклучок. Овие 5 парчиња ќе им помогнат на сите да изгледаат како најатрактивната можна верзија од себе. Иако, зависно од тоа дали си висока или ниска, имаш ли изразени колкови, големи гради или си рамна, треба да го пронајдеш оној модел од овие парчиња кои тебе, со оглед на тоа какво тело имаш, најдобро ќе ти стои. Науката тврди дека оваа облека ја прави секоја девојка поатрактивна, пишува „About Her“, а еве кои се тие парчиња:
# Тесен фустан
Тесниот фустан ќе ги нагласи твоите облини на начин на кој нема ниту еден друг. Иако е многу тесен што може да изгледа и премногу секси или нападно, сè зависи од тоа каков модел ќе одбереш. Ако станува збор за краток фустан, нека биде затворен во горниот дел, а доколку е подолг, може да имаш и малку подлабоко деколте - тајната е во пронаоѓањето на рамнотежа. Она што е многу важно со ваквите фустани, за да стојат подобро е под нив да носиш долна облека која помага во обликувањето на телото. Немој да се грижиш доколку немаш совршена фигура, ниту Мерлин Монро не била слаба, а носела вакви фустани.
# Краток црн фустан
Уште еден модел на фустан со кој е тешко да се погреши. Тој им стои на сите. Во него ќе се чувствуваш удобно и моќно, бидејќи е во црна боја, па така нема да а нагласи секоја ситница на твоето тело. Во едно истражување спроведено на мажите и жените се покажало дека црната боја се поврзува со карактеристики како што се интелигенцијата, самодовербата и сексапилот.
# Високи потпетици
Најдобрите чевли кои ќе направат да изгледаш уште позгодно се чевлите на високи потпетици. Нема да бидат најудобни, но некогаш поради убавина вреди да се трпи болка. Високите потпетици ќе помогнат за нозете да ви изгледаат повитки и подолги, а тоа е ефект кој го посакуваат многу девојки. Не е потребно никакво истражување кое би го потврдило ова, но постои. Едно од нив дури посочило дека момците попрво им приоѓаат на девојките кои носат високи потпетици.
# Црвена боја
За најсензуална боја се смета црвената, па така и облеката која е во оваа боја има посебен ефект. Постојат научни факти кои потврдуваат дека момците особено ги привлекува оваа боја. Без разлика дали станува збор за црвен кармин, црвен фустан или било што друго, доколку е црвено, тоа е полн погодок. Спротивниот пол веднаш ќе те гледа со други очи.
# Облека која ги открива рамената
Маиците или фустаните без рамена се последното парче облека кое прави девојките да изгледаат малку подобро од она како изгледаат. Ваквата облека делува поженствено и открива мал дел од кожата, но на пристоен и одмерен начин. Ова е дел од телото за кој големиот број девојки немаат ништо за да приговорат околу изгледот, па на никој нема да му биде неудобно доколку му се голи рамената.
фото: mollysmith19 и emikfabian / Instagram