Парови од филмови и серии чии љубовни приказни заслужија среќен крај: За жал, никогаш не го добија

Парови од филмови и серии чии љубовни приказни заслужија среќен крај: За жал, никогаш не го добија

Објавена во: Stars // Филм

Овие ликови заслужија повеќе...

Се надеваш дека тоа е тоа и дека тие ќе завршат среќни заедно кога ќе ги поминат сите неволји, но не! Режисерите имале друга идеја, со која им пресудија на овие парови. Никогаш не го дочекаа својот среќен крај, а гледачите навистина навиваа за нив.

Чекавме судбината да се смени и овие ликови конечно да завршат заедно и да бидат среќни, но тоа никогаш не се случи. Додека гледаш филм или серија, несвесно некои ликови ти стануваат драги и почнуваш да навиваш за нив, а потоа се растажуваш кога токму на твоите фаворити ќе им се случи нешто лошо или нивната љубовна приказна, која цело време ја чекаш, никогаш не заживува. А, би биле навистина добар пар! Сите овие ликови на крајот од приказните сепак не завршуваат заедно, а гледачите навистина да го добијат својот среќен крај.

# Рори и Џес - „Gilmore Gilrs“

Иако Џес не беше најдобро момче и не се однесуваше кон Рори онака како што заслужува, сепак на почетокот имаа 17 години и скоро па да немаа искуство во врските. Требаше да пораснат. Кога неколку години подоцна се сретнаа, двајцата возрасни и Џес го помина своето лошо однесување како тинејџер, тогаш сите се надеваа дека ќе завршат заедно, но сепак ништо не се случи.

via GIPHY

# Октавија и Линколн - „The 100“

Беа толку добар пар и поминаа многу работи заедно и сите чекаа да поминат сите неволји и конечно да завршат среќни заедно. И тогаш Линколн умре пред да се случи тоа. Најверојатно, оваа смрт во серијата најмногу ги заболе гледачите.

via GIPHY

# Керолин и Клаус - „The Originals“

Прекрасен пар кој всушност никогаш не доби вистинска можност. На многумина им станаа драги уште во „The Vampire Diaries“, а подоцна нивната приказна се продлабочи во оваа „spin off“ серија. 

via GIPHY

# Бони и Енцо - „The Vampire Diaries“

Нивниот однос почна пријателски, а заврши како нешто повеќе. Но, не доживеаја среќен крај, бидејќи Стефан во последната сезона го уби и тоа пред очите на Бони.

via GIPHY

# Џексон и Али - „A Star Is Born“

Филм кој пред неколку години беше апсолутен хит. Сите се надеваа дека Лејди Гага и Бредли Купер се пар во вистинскиот живот, но тоа сепак не се случи. А, среќен крај немаа ниту ликовите кои ги глумеа во филмот.

via GIPHY

# Колин и Пенелопе - „Brigerton“

За овој пар уште има надеж! Пенелопе е толку луда по него, а тој е толку слеп и тоа воопшто не го гледа. Следната сезона на „Brigerton“ ќе се занимава токму со односот на Колин и Пенелопе,  иако досега немаа ни малку среќа, сите се надеваме дека тоа ќе се промени.

via GIPHY

# Роуз и Џек - „Titanic“

Тие најверојатно се парот кој доби најтрагичен крај во филм. Нивната романса само што почна и брзо беше прекината. Многумина се шегуваат и нагласуваат дека доколку Роуз барем малку се поместела од вратата на која пловела, би имале прекрасна љубовна приказна.

via GIPHY

# Денерис и Дрого - „Game of Thrones“

Во серијата „Game of Thrones“ толку многу ликови умреа и имаше толку трагични приказни, од сите љубовни, оваа најмногу ги заболе гледачите. Кој знае што би се случило и дали крајот би бил поинаков доколку Дрого не умреше и останеше покрај Денерис до самиот крај.

via GIPHY

# Фин и Рејчел - „Glee“

За многумина она што му се случи на овој пар е тажно, бидејќи беа заедно и во вистинскиот живот. Како пар беа одлични, иако не почнаа најдобро. Со текот на времето врската им помогна да станат подобри и како луѓе. Дури и кога прекинаа, продолжија да се грижат еден за друг, па така дефинитивно заслужија среќен крај.

via GIPHY

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: