Пеколно детство: Мајка ѝ на Деми Мур ѝ приредила вистински пекол
Во својата книга „Inside Out“, Деми Мур признава дека била силувана на само 15 години, како и дека 27 години подоцна го изгубила бебето што го очекувала со Ештон Кучер.
15 - годишната Деми Мур во едно интервју проговори за својата нова автобиографска книга и откри повеќе детали за тоа како е дојдено до моментот таа да биде силувана на само 15 години.
Штом завршил, силувачот се свртел накај неа и ја прашал:
„Како се чувствуваш што те силував за 500 долари?“
Деми Мур во книгата опишува како се чувствува поради тоа и дека потешко од силувањето и паднало тоа што мајка ѝ ја изневерила.
Актерката и порано зборувала за тешкото детство со мајка си, која постојано ја носела во барови за да им привлече на мажите. Од мали нозе научила како да и помага кога ќе претера со алкохолот, иако никогаш не успеала да ја оддалечи од алкохолот.