Пешачат 12 километри за да стигнат на училиштe: Исповед на момчиња што ќе ве растажи
Едно од момчињата вели дека понекогаш се
плаши
Петнаесет деца од селото Црчево во Голија, Србија стануваат скоро секој ден пред да се раздени и пешачат 12 километри во една насока со цел да стигнат до училиштето во околината на Нови Пазар.
Децата одат на училиште во Бела Вода.
Стефан Ѓоковиќ вели дека понекогаш се плаши.
- Ладно е. Не се плашам многу, навикнат сум. Но, понекогаш се плашам! Рацете ми замрзнуваат. Се плашев минатата година кога отидов сам, а годинава ми се придружија уште двајца мои браќа, вели Стефан.
Момчето вели дека најмногу се плаши дека „нешто ќе излезе“ пред него. Тој објасни дека има пет деца кои одат во ова училиште и дека тој излегува од дома во 5 часот наутро за да стигне на време на училиште.
Таткото на момчето, Негован Ѓоковиќ, вели дека има поблиско училиште за кое има превоз, но дека ова го избрале во Бела Вода затоа што таму се учи српскиот јазик.
- Па, можеби тие би оделе и во тоа друго училиште пеш. Тој автобус доаѓа, но кога паѓа снег, не може да доаѓа сè додека не се расчистат патиштата. Децата потоа чекаат, па се враќаат дома - објасни таткото на момчето.
Фото: Youtube/Info LIGA Ivanjica
Можеби ќе ве интересира:
Приказна која го заобиколи Балканот: Продавал бадникови гранчиња за да ѝ купи мобилен телефон на сестра си