Пешевски и Лила запееја во дует: Најавуваат соработка

Пешевски и Лила запееја во дует: Најавуваат соработка

Објавена во: Stars // Музика

Младиот и талентиран пејач Филип Пешевски ја имаше честа - како што вели тој, да запее со Лила Филиповска.

И тој и водителката објавија кратко видео на Инстаграм, каде што го пеат добро познатиот рефрен од песната „Ти верував до крај“ на Лила Филиповска.

„20 години подоцна...Ти благодарам Филип, што ме потсети на едно дамнешно но преубаво време...”Ти верував до крај “ е песна што ја напиша Роберт Саздов а текстот е мој ❤️ и искрено секогаш ми буди убави емоции се надевам и на вас драги другари“ - напиша Лила во описот на видеото.

Но, интригантно е тоа што и двајцата напишаа, наскоро да очекуваме нешто ново од нив двајца. Дали можеби станува збор за песна, или нешто сосема друго е во прашање останува да видиме. Дотогаш уживајте во нивната кратка изведба:

 


На зајдисонце и со многу емоции: Пешевски ја препеа „Среќна ли си ти“ од Тоше

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: