На зајдисонце и со многу емоции: Пешевски ја препеа „Среќна ли си ти“ од Тоше
Најбројни помеѓу карантинските кавери, кои се снимаа изминатиот период беа оние од песните на нашиот непреболен ангел Тоше Проески. Но, неговите песни не престанаа да бидат актуелни и по уникувањето на ригорозните мерки.
Последниот во низата кавери е оној на младиот и талентиран пејач Филип Пешевски. Изборот падна на „Среќна ли си ти“, песна која беше дел од албумот кој го издаде пред неговата смрт.
Овој кавер, Филип се погрижи да добие и видео запис, а истиот е снимен на Козјак на зајдисонце.
Како изгледа и звучи Филип погледнете и слушнете во продолжение:
Може да ве интересира: