Песна со двојна посвета: Стефан Лазаров со спот од светски размери
Светско, а наше...
Поранешниот водител и актуелен македонски јутјубер, Стефан Лазаров, полека, но сигурно се пробива и во музичките води. Музиката што ја прави има длабоко значење, а ништо помалку не е ниту неговото последно музичко парче кое го објави вчера.
Во јутјуб видеото кое всушност беше најава за новата песна, Стефан откри дека новата песна „Мајко моја“ првенствено ѝ ја посветува на неговата мајка, а потоа и на нашата татковина - Македонија. Ја напишал во период кога бил многу разочаран, но како што вели, тој нема да се откаже од своите зацртани цели и ќе се бори за својот успех.
Автор на музиката и текстот е самиот тој, додека зад видеото се потпиша Владислав Гавриловски. Слободно можеме да кажеме дека ова видео е направени од светски размери и едно од најдобрите направени од наш изведувач.
За да се уверите во квалитетот и тежината на новата песна на Лазаров, погледнете го видеото во продолжение: