„Песталоци“ меѓу најдобрите на Јеил: Виктор, Сара и Лука за искуството и впечатоците од Турнирот на шампиони
Од 11-ти до 16-ти ноември универзитетот „Јеил“ во Њу Хевен, САД, беше домаќин на шампионскиот турнир во „World scholar's cup“. Битката во дебатирање беше долга и вредна за паметење, а во неа си ги вкрстија зборовите 1600 ученици од 45 земји од светот, меѓу кои Македонија.
Имено по минатогодишниот голем успех на глобалниот натпреварот во дебатирање и општи знaeња во Дубаи во Обединетите Емирати,, учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ Сара Кнежевиќ, Лука Вајевиќ и Виктор Јакимов достојно ги бранеа своите аргументи и ставови и се покажаа како одлични стратези во дебатирање. Нивните вештини беа наградени со 18 медали - 13 златни и 5 сребрени, а како резултат на нив го освоија петтото место на ниво на Европа и Медитеранот.
Како течеше подготовката за натпеварувањето овој пат?
- Начелно подготвувањето беше мноу слично на претходниот пат, освен што овој пат излегоа и нови ресури како додаток на претходните материјали, што беше екслузивно за турнирот на шампиони ( за секој од шесте предмети- историја, уметност, наука, социологија, психологија и литература). Оваа година темата беше „Светот поновен“, и се гледа од таа гледна точка.
Работевме со менторот Никола Гелинчески од „Јахеја Кемал“, со кој се запознавме на првата глобална рунда во Хаг, и тоа на аеродром. Без него не би имале таков успех- тој ни помогна да добиеме идеја на кое ниво да се подготвуваме особено за дебати и есеи, а за квизовите се подготвувавме сами, бидејќи материјалите се обемни, се консултиравме меѓусебно ние тројца. Што повеќе работиме, толку е полесно - објаснуваат Виктор, Сара и Лука.
Тие велат дека во однос на училишните обврски и учењето за турнирот не им било тешко да направат баланс, бидејќи имале многу време за обработка на материјалите.
Какви се импресиите од престижниот Јеил Универзитет во САД, на кој се натпреваруваат десетте најдобри тима од шесте Глобални рунди на годишно ниво.
- Делот каде ние бевме во Јеил во Лулси Хол е направен со цел за вакви натпревари/настани- навистина беше многу убаво, особено архитектурата. Голем дел од настанот беше во Јеил, но дебатите се одржуваа во различни средни училишта во градот Њу Хевен - открива Виктор, додека Сара додава:
„Од психички аспект беше помалку застрашувачки од Дубаи, бидејќи во Дубаи ни беше официјално прв пат да дојдеме подготвени за еден ваков натпрревар каде има оволку учесници. Самата глетка од тоа колку учесници има е тешка да се поднесе, но мислам дека баш заради тоа искуство овој пат бевме многу помалку под стрес, поспремни, посамоуверени и тоа дефинитивно помогна да го извлечеме најдоброто од нас. Паниката секогаш пречи, да бевме под стрес ќе имавме послаби резултати.“
Ова натпреварување носи големи придобивки за нивно надоградување, стануваат експерти во пишувањето есеи, дебатирањето им го развива вокаболаурот на англиски јазик, а добиваат и поголема самодоверба.
Она што е интересно за овие тројца ученици е дека се заедно во училишните клупи уште од градинка, а пак сегашна директорка на училиштето Катерина Атанасова им била прва учителка, до 6-то одделение.
- Прво сум многу горда што бев нивна наставничка од прво до петто и првите натперавари започнаа со мене тука математика и природни науки и беа деца што навистина сакаа да учат надвор од матеројалот што е предвиден.
А второ како директирка и како врабоитен сум особено горда што имаме вакви ученици, не само тие тројца, но имаме ученици кои се трудат и навистина сакаат да работат, тие беа оние кои оваа година поттикнаа и други ученици на локалната па и на глобаланта рунда да се пријават во Прага и да соберат сили да учествуваат и да освојат награди.
Ние бевме само на завршната церемонија, каде имаше 1600 ученици од цел свет, од 45 земји, земји кои имаат долга традиција на учество на вакви натперави, бевме единствено државно училише на овој натпревар. Во голем дел од земјите децата учат на англиски јазик како нивен мајчин јазик што секако е предност, и начинот на настава е од ваков тип како што се организираат непреварите, меѓутоа и покрај тоа, и покрај што доаѓаме од мала земја не значеше дека нема да постигнат успех на натпреварот - вели директорката Атанасова.
Следен предизвик за овие деветтоодделенци е запишувањето во средно училиште, а тројцата го делат мислењето дека ќе конкурираат за стипендија во некоја од приватните гимназии во земјава, а ако не втора опција им е државната гимназија „Орце Николов“.
Имаат многу интереси и сè уште не се сигурни што сакаат да бидат кога ќе пораснат, но на прашањето дали размислуваат за запишување на престижен универзитет како Јеил, велат:
- Со овие натпревари би конкурирале и на престижни универзитети како Јеил, овој просец колку и да бил тежок докажува дека сме успеале да балансираме меѓу училишните и вон наставните обврски, се потрудивме и добивме многу добри резултати.
Да се заишеш на таков прстижен факултет, сепак е и огромен трошок и треба добро да се размисли, бидејќи и покрај стипендија, тоа е во друга држава и трошоците се многу поголеми.
На прашањето пак дали во иднина се гледаат во земјава или во странство, имаат поделени мислења.
- Мислам дека дефинитивно надвор од нашата земја, бидејќи ние сме едни од тие што имаат среќа и можност поради вакви натрпевари и настани да земеме образование и живот и кариера некаде надвоr од нашава држава каде има малце поквалитетен живот генерално - вели Лука.
- Јас имам малку различен став, а тоа е дека каде што сум бил на Западот е дека иако сите викаат дека на Запад квалитетот е подобар, сепак луѓето многу се поекстремни на било кој став кој што го имаат. Пример Њујорк е многу убав, но е многу опасен град, многу валкан град, тоа мене би ми претставувало препрака за живеење, не сакам да живеам во град каде би се плашел секој ден - се спротивставува Виктор.
- Генерално се гледам во држава која ќе ми даде прилика да го искристам својот потенцијал, држава која ќе ми даде да го искористам тоа што со години го имам градено - се надоврзува Сара.
Директорката пак се надева дека еден ден нивното знаење ќе биде од корист и на нашата држава и нема да заминат некаде во странство, односно се надева дека нашата држава ќе направи напор да ги задржи квалитетните кадри, да ги цени, да им пружи можности и за уворшување и за работа овде.
- Желбите се да имаме што повеќе вакви ученици во кои ние како наставници ќе вложуваме, ќе ги поттикнуваме да учат, да се натправаруваат и да постигнуваат што е можно повеќе успеси, со тоа што ќе бидат тие задоволни како ученици и истакнати и признати во ова општество, а и ние како училиште горди на нив.
Д. Караташова Илиоска