Пет „бјути“ тајни на Хејли Бибер: Триковите на кои манекенката им го должи беспрекорниот изглед може да ги примените веднаш

Пет „бјути“ тајни на Хејли Бибер: Триковите на кои манекенката им го должи беспрекорниот изглед може да ги примените веднаш

Објавена во: Мода // Moj стил

Во продолжение откријте како се негува Хејли Бибер и на што го должи својот совршен изглед...

Хејли Бибер успешно се проби во модниот свет и поради тоа навистина мора да внимава на својата „бјути“ рутина, а благодарение на соработката со најпознатите шминкери научила некои многу важни правила кога е негата во прашање.

На сетовите често собира некој нов совет или трик, а во продолжение ви ги откриваме тајните на нејзиниот совршен изглед.

# Хидратацијата е клуч на убавата кожа

Иако многу луѓе забораваат на хидратацијата, Хејли е од оние кои се оптеретени со ова.

„Користам разни препарати за хидратација и постојано се мачкам со креми. Никогаш не е рано да се почне со правилна нега на кожата“ - им посочи манекенката на сите дами.

# Пудрата се нанесува со рака

Додека ги исполнувала работните обврски имала можност да работи со најдобрите шминкери во светот, а една работа особено ја изненадила и почнала да ја применува: Забележала дека многу мејкап уметници течната пудра ја нанесуваат со рака, а не со сунѓерче. 

„Тоа почнав да го правам и јас. Ставам од пудрата во рака и ја тријам, па ја нанесувам на лицето како крема. Лицето така изгледа свежо и природно“ - истакна Хејли.

# Без козметичари

Таа е светски баран модел, па веројатно веднаш би помислиле дека редовно оди на разни третмани за лицето и телото, меѓутоа вистината е сосема поинаква.

„Никогаш не сум била на козметичар. Мислам дека допирањето и стискањето мозолчиња и црнки не е добро за кожата. Од време на време посетувам дерматолог“ - откри Хејли за странските медиуми.

# Нега на косата

Како на кожата, Хејли големо внимание посветува и на косата.

„Спијам со маска од кокосово масло, бидејќи ми ја прави мека и сјајна. Мојата коса е многу тенка и мека, а кокосовото масло ѝ помага да биде хидрирана и поздрава. Бидејќи ја осветлува косата, ова е идеален начин да ја опоравам“ - ја препорача оваа маска како спас за тенката коса.

# Наместо салата - зелено смути

Хејли е поборник на митот дека убавата кожа доаѓа од внатре, па затоа многу води сметка за исхраната, но признава дека и тогаш некога „греши“, но многу брзо се враќа на својата рутина.

„Ниту јас не сум светица што се однесува до здравата исхрана и понекогаш имам „cheat day“. Сепак, се трудам да јадам што е можно поразновидно и поздраво. Обожувам салати, а кога не можам да стигнам да ги јадам, пијам зелено смути од спанаќ, зелена салата и кељ. И да, пијам многу води“ - вели Хејли.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: