Пет начини за да дознаеш дали твојата симпатија е во врска
Лето е, хормоните дивеат, постојано се шеташ, забележуваш нови луѓе... и наеднаш една личност ти се допаѓа. Би сакал/а да се обидеш, но не знаеш ништо за него или неа. Но, не се разочарувај, постојат начини да го дознаеш барем она основното - дали е слободен/слободна?
Секако, секогаш постои можност да прашаш директно за тоа, но ретко кој од нас има храброст за такво нешто. Поради тоа ти претставуваме 5 начини на кои можеш да дознаеш дали некој е сингл. Пробај барем еден и првиот чекор кон освојувањето на новата симпатија ќе биде направен.
# Побарај ја симпатијата на социјалните мрежи
Наједноставно и најпрактично е личноста да ја пронајдеш на социјалните мрежи. На многумина во описот на профилот им пишува дали се зафатени или не. Ако нема такво нешто, работата можеби е лесна и јасна. А, тука се и објавите на профилот, сторињата - едноставно, истражи го секој детаљ.
# Постави ѝ некои општи прашања
Прашањата за патувањата, навиките или можеби како го поминува слободното време можат да помогнат. Ако ви кажат дека сакаат да играат игри, да гледаат видеа на Јутјуб или да бидат со пријателите и не спомнуваат партнер/ка, тоа ви отвора врата за конкретно да прашате дали и со кого се во врска.
# Прашајте прашања во врска со партнерот
Пробај суптилно, низ разговор, да поставиш потпрашања: дали твоето момче или девојка се согласува со тоа? И тогаш личноста ќе ви го даде одговорот, а вие се надевате на најдоброто.
# Први кажете го вашиот љубовен статус
Слободно кажете дека сте сингл, па тоа можеби ќе ја охрабри личноста со која зборувате, да почне да зборува за својот љубовен статус. А, ако и двајцата сте сингл, тогаш темите сами ќе се редат.
# Дајте ѝ знак дека имате симпатии
Најдобро е низ некоја реченица, движење, лајк, реакција на стори, да ѝ дадете до знаење на личноста дека имате симпатии кон неа. Немате што да изгубите, бидејќи директно не сте прашале дали е во врска, а доколку нешто тргне наопаку, можеш да се извиниш.
фото: Принтскрин