Пет причини кои ќе ти го променат мислењето: Зошто ова лето треба да го поминеш без социјални мрежи?
Според последните истражувања, просечен тинејџер поминува дури 9 часа дневно на мобилниот телефон. Иако ретко кој смета дека тоа е „зависност“, факт е дека е и дека секој има некоја опсесија на телефонот, без разлика дали е во прашање гледање на видеа на ТикТок, освежување на „feed“-от на Инстаграм или проверување на Фејсбукот.
А, дали мислиш дека можеш да го поминеш летото... добро, барем една недела или две без социјални мрежи? Кога ќе го прочиташ ова, сигурно ќе помислиш секако дека можам да поминам две недели без социјални мрежи. Но, во пракса тоа не е толку лесно.
Често се подложуваме на детокст од социјалните мрежи, па по неколку часа сфаќаме дека не можеме да живееме без редовна проверка на хаштазите и вестите за омилената двојка од светот на познатите. А, и како поинаку да ги „убиеш“ оние неколку минути додека пријателот доцни на кафе?! Океј, доколку не се помеѓу овие луѓе, се извинуваме, но доколку си, ова се 5 причини поради кои ова лето би требало да го поминеш без социјални мрежи.
# Ќе најдеш интересни работи „офлајн“
Секако дека на сите им е најлесно цел ден да го поминат на телефон и да „скролаат“ на социјалните мрежи за да „убијат“ време, но тоа не носи многу квалитет во животот. Има толку многу работи што можеш да ги правиш во слободно време! Да читаш книги, да прошеташ, да го повикаш најдобриот пријател, да ги прередиш плакарите, да вежбаш, да решаваш крстозбор... или просто да лежиш и мечтаеш - има толку многу работи кои се подобри од гледањето во екран. Кој знае, можеби ќе си смислиш и некое ново хоби.
# Повеќе време ќе поминуваш со луѓето во живо
Допишувањето на Инстаграм не е дружење, запомни го тоа. Наместо да разменуваш пораки со блиските луѓе, можеш да се најдеш со нив некаде на воздух - очигледно имате време за тоа. Иако преку ден навистина е топло надвор, ноќите се идеални за прошетки покрај река или некоја друга интересна активност.
# Ќе спиеш подобро
Научните истражувања покажаа дека користењето на телефонот пред спиење лошо влијае врз квалитетот на сонот. Со самото тоа, доколку не „скролаш“ на телефонот до пред да ги затвориш очите, подобро ќе спиеш. Со подобар сон, ќе се чувствуваш и подобро.
# Помалку ќе го бркаш општественото поставување на иделаната убавина
Инстаграм ни покажува искривени фотографии од реалноста, поради што во Норвешка донесоа Закон според кој, секоја јавна личност мора да објави кога фотографијата е уредена во „фотошоп“. Многу профили на Инстаграм ни сервираат „идеи“ за тоа како би требало да изгледаме, а рака на срце, ниту ние често не се чувствуваме добро кога ќе видиме како некои други се среќни и живеат „подобро“, иако тоа често е глума. Доколку не гледаш секој ден во тоа, нема ни да се вознемируваш и ќе научиш да го цениш она што го имаш.
# Нема да се чувствуваш осамено, дури и кога ќе немаш никој
Иако социјалните мрежи можат да помогнат во пријателствата, често се и причина за осаменост. Сабота вечер, гледаш дека сите некаде се забавуваат, додека ти лежиш во кревет и гледаш серија? Доколку нема социјални мрежи, ќе научиш да поминуваш време со себе, а тоа не е најлошата работа. Треба тоа често да го практикуваш.