Петгодишно момче шири празнична магија: Откако ја испеа „Feliz Navidad“, сите се прашуваат кога ќе објави албум

Петгодишно момче шири празнична магија: Откако ја испеа „Feliz Navidad“, сите се прашуваат кога ќе објави албум

Објавена во: Stars // Музика

Во овој претпразничен период сите сме навикнати на песните чија главна тема се празниците, ги слушаме во автомобилите, дома, на работа, во продавниците... Веројатно е тешко да се пронајде божиќна песна која не сме ја слушнале барем едно десетина пати.

Една од тие песни е токму „Feliz Navidad“, која ја има напишано Хосе Фелисијано пред повеќе од 50 години. „Ја истражував радоста која ја чувствував на Божиќ, како и фактот дека бев осамен. Ми недостасуваше моето семејство, ми недостасуваа божиќните песни со нив. Ми недостасуваше целото божиќно расположение“ - кажа тој во една прилика за „NPR“.

Фелисијано тогаш бил на снимање во Лос Анџелес, а неговото семејство за време на празниците било во домот во Порто Рико.

Многу години потоа, едно момче по име Мило ги освои срцата со преубавата и емотивна изведба на песната, која ја објави неговата мајка Алексис Фулер.

„Ова момче е многу возбудена околу оваа песна. Среќни празници на сите“ - напиша таа.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: