Петнаесет интересни факти за Џена Ортега: Која е нејзината омилена серија, колку е висока и што е во хороскоп?

Петнаесет интересни факти за Џена Ортега: Која е нејзината омилена серија, колку е висока и што е во хороскоп?

Објавена во: Stars // Филм

Секој нејзин обожавател мора да ги знае овие работи за неа...

„Wednesday“ ги соборува сите рекорди на гледаност на Нетфликс. Серијата е толку добра што никој не може да ѝ одолее. Главната улога ѝ припадна на Џена ОРтега и ја претвори во моментално најголема холивудска ѕвезда.

Џена Ортега моментално е главна и тоа благодарение на улогата Венсдеј Адамас. Ги воодушеви луѓето со улогата и дека одлично ја заврши работата, говори и фактот што по излегувањето на серијата стана една од најголемите млади холивудски ѕвезди. Досега никој не ни слушнал за неа, иако со години се занимава со глума, а сега нема личност која не го знае нејзиното име. Пред неа е блескава иднина, а Венсдеј сигурно е само една од улогите по кои ќе ја паметиме. Со оглед на тоа што не се знае многу за неа, време е малку подобро да те запознаеме со неа. Која е Џена Ортега? 

Ти носиме 15 интересни факти за оваа млада актерска ѕвезда:

# Џена Ортега има смао 20 години! Родена е 27 септември 2002 година. Во хороскоп е Вага.

# Глуми уште од мала, од 9 години, а улогата на Венсдеј Адамс ја прослави. Освен во оваа серија, ја гледавме и во серијата „You“ каде ја глумеше Ели, како и во „Jane the Virgin“, каде ја глумеше младата Џејн. Освен во тие две серии, има глумено и во многу други серии, но во нив се најголеми шансите да ја видите.

# Опседната е со серијата „Stranger Things“. Во едно итнервју призна дека најверојатно е најголем обожавател на светот.

# Нејзиното омилено хоби е пишувањето. Во слободно време сака да пишува, од есеи преку скрипти за филмови до дневник и сѐ останато.

# Освен „Stranger Things“ обожава да гледа и емисии за готвење. Сака да научи да готви и тоа ѝ помага во реализицијата.

# Сака да ги гледа и цртаните на Дизни, а најдраг ѝ е „Кралот Лав“.

# Каква е Џена како личност во реалниот живот? Призна дека самата себе најдобро би се опишала како прилично саркастична и дека има црна смисла за хумор.

# Таа, всушност е вистинска латино принцеза на Дизни. Ѝ го позајми гласот на Изабел во анимираната серија од Дизни каналот „Elena of Avalor“.

# Откриена е на Фејсбук. Кога имала 7 години, нејзината мајка ја снимала додека имала драматичен монолог, го објавила и тоа и набрзо ѝ се јавил агент и ја повикал на кастинг за нејзината прва улога.

# За улогата на Венсдеј била толку посветен што научила да свири и виолончело. Кога Венсдеј свири во серијата, Џена навистина го свири тоа.


# Напишала книга! Во 2021 година ја издала својата прва книга под назив: „It's All Love> Reflections for Your Heart and Soul“. Книгата е за неа како млада латино девојка во Холивуд. 

# Како мала, имала многу чудно хоби, нешто што би ѝ се допаѓало и на Венсдеј. Им правела аутопсија на мртвите гуштери кои ги наоѓала во градината.

# Пред снимањето на серијата била веган, но во текот на снимањето на серијата морала да почне да јаде месо, јајца и сѐ останато, проади тоа што снимале во Романија, а таму тие се главните продукти. Едноставно немала избор.

# Всушност е прилично ниска - висока е 155 сантиметри.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: