Петра е ќерка на најбогатата Србинка на светот: Вака изгледа нејзината куќа вредна 200 милиони евра (ФОТО)
Ќерката на најбогатата Србинка, Славица Еклстон, Петра Еклстон, на својот Инстаграм профил го покажа своето луксузно гнездо.
- Имаме базен, теретана, спа, амам, салон, детска игротека, терен за сквош и домашно кино - изјави Петра.
Куќата е изградена кон крајот на 18 век, а секако како и секоја вила има свое име, позната е како „Sloane House“ и важи за една од најатрактивните. Се наоѓа во британската престолнина. Куќата има осум соби и 12 бањи, изјавија Петра и Сем.
Покрај тоа, тие покажаа и трпезарија со нереален аквариум, фоаје со лустер кој има повеќе од 150.000 кристали, како и луксузен базен и спа. Како што изјави вереникот на Петра, куќата не се продава, а нејзината вредност се проценува на неверојатни 170 милиони британски фунти, односно над 200 милиони евра.
- Ми требаа пет години да го завршам уредувањето на домот, кој апсолутно го обожавам. Навистина се надевам дека ќе уживате, ми требаше многу храброст и уверување за конечно да го дозволам снимањето. Да бидам искрена, навистина уживав во ова - напиша Петра со објавеното видео.
Таа за списанието Architectural Digest изјави дека и биле потребни пет години да ја декорира куќата онака како што таа ја замислила.
- Имаме базен, теретана, спа центар, амам, салон, детска игротека, терен за сквош и домашно кино. Куќата имаше голем потенцијал да стане имот кој го одзема здивот - изјави Петра, која ја купи Слоун Хаус за 80 милиони долари.
ВИДЕО:
Сепак, таа моментално живее во Лос Анџелес со нејзиниот вереник Сем и децата, па размислува да го продаде британскиот имот каде што престојуваше за време на пандемијата.
извор:najzena