Петтоодделенец од почетокот на учебната година собрал 770 пластични шишиња: Ова е неговата порака до сите

Петтоодделенец од почетокот на учебната година собрал 770 пластични шишиња: Ова е неговата порака до сите

Објавена во: Совети // School zone

Еколог за пример!

Прекрасна приказна ни доаѓа од ОУ „Џеман Биједиќ“, Босна и Херцеговина.

Главниот актер е Фадил Хукуќ, ученик од петто одделение кој со сите сили се бори за заштита на животната средина. Од почетокот на учебната година остварил импресивен резултат - собрал 770 пластични шишиња, враќајќи го сјајот и убавината на природата во своето окружување. Откако ги собрал шишињата, ги однел во училиштето во кое учи, за да го поддржи проектот за собирање на амбалажи.

„Фадил им порачува на сите луѓе во БиХ дека сака да има здрава и чиста околина и дека секој од себе може да даде многу за да бидете така“ - октрива за „buka.com“ директорката на училиштето, Фахра Црнкиќ и додава: „Фадил е второ од трите деца на млади родители, мајката Фериде која работи како трговец на пазарот, а во слободно време се занимава со пишување и хуманитарна работа. Ја објави збирката песни под наслов: „Облека на животот“ и освојува разни книжевни награди, додека татко му Мујо е комерцијалист. Фадил има постара сестра, која му помага, и помлада која учи од нив двајца. Она што го мотивира него е тоа што сака активности надвор од дома, каде може да ја исфрли својата енергија, а исто така е голем вљубеник во природата и сака таа да  е здрава и чиста“.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: