Пијанистот Хоровиц му е идол: Интервју со Кристијан Васев, делчевчанецот за кој светот допрво ќе слуша

Пијанистот Хоровиц му е идол: Интервју со Кристијан Васев, делчевчанецот за кој светот допрво ќе слуша

Објавена во: Stars // Интервјуа

Кристијан Васев е талентирано 17 - годишно момче кое доаѓа од Делчево. Тој ученик во трета година во ДМУЦ „Сергер Михајлов“ - Штип, каде пијаното му е специјалност.

Вели дека желбата кон овој инструмент му се јавила сосема спонтано, но освен пијано, тој свири и виолончело. Последна во низата награди е онаа која ја освои на Меѓународниот онлајн натпревар по пијано.

# Од колку години започна да свириш пијано?

Релативно доцна споредбено со други пијанисти. Желбата дојде спонтано на 14 години, но сепак со вложениот труд и желбата за свирење се достигнуваат резултати.

# Дали овој инструмент беше твојата прва љубов или пак најпрво почна да свириш на некој друг?

Прв инструмент ми е пијано, но покрај пијано свирам и виолончело.

# Кој ти ја пренесе љубовта кон музиката?

Гледајќи видеа од класични пијанисти на Јутјуб, како што се Хоровиц, Ланг Ланг и други се заинтересирав и го засакав за овој инструмент.

# Каков жарн на музика најмногу сакаш да свириш?

Пред сѐ класика, но не се дистанцирам и од други жанрови поп, рок и слично.

# Беше дел од Меѓународниот он-лајн натпревар по пијано. Каква е чувството кога се напреваруваш преку камера? Ти недостасуваат ли натпреварите во живо?

Секако чувството не е исто споредбено со натпревар во живо. Има разлика пред сѐ во начинот на изведување, потоа распоред, тремата и слично, но сепак се приспособуваме со тековната состојба со КОВИД-19 со цел да продолжиме понатаму.

# Последната во низата награди е втората награда на Меѓународниот онлајн натпревар по пијано. Но, имаш ли некоја омилена награда, која се издвојува од сите останати?

Минатата година на истиот натпревар УЉУС, прва награда со најмногу поени и златен медал.

# Кој е твојот идол од поле?

Омилен пијанист ми е Владимир Хоровиц.

# Каде се гледаш за 10 години?

Се надевам тука во Македонија, во музичкиот свет секако. Покрај пијаното, интерес ми претставува и студиското снимање и музичко студио (при што сум и сертифициран cubase оператор).

# Кој хаштаг најчесто го користиш? 

#piano

И.Мисајловска

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: