Пинк одлучи да ги носи децата на турнеја: Својата 11-годишна ќерка ја вработи во тимот
Американската пејачка Алесија Мур, попозната како Пинк, откри дека на турнејата на која ќе го промовира последниот албум ќе ги носи и ќерката и синот...
11-годишната ќерка, која повремено ќе ѝ помага на познатата мајка на сцена, ќе добие и надокнада за својата работа. Пинк додаде дека сака нејзината ќерка да знае како да преговара за чесните цени во работата.
Музичарката, која гостуваше во популарното ток шоу „The Today Show“ кажа дека на турнејата ќе го носи своите две деца - синот Џејмсон (6) и ќерката Вил (11). Ќерката официјално ја вработила и ќе биде платена за својата работа.
„Вил на турнејата ќе работи. Морав да ѝ објаснам дека минималната плата се разликува од држава до држава. Ѝ кажав дека може да заработи 22,50 долари за емисија која трае два часа. Одговори дека би можела да ѝ платам 20 долари, бидејќи тоа би ѝ било полесно да го пресмета. Ѝ одговорив дека така не се преговара за плата и дека ако се согласи на 25 годилари, ниту таа нема да проблеми со пресметките“ - објасни Пинк.
Пејачката не откри што точно ќе работи нејзината ќерка, но секако од време на време ќе ја следи својата мајка на сцена.
Пинк порано откри зошто сака да ги носи своите деца на турнеите.
„Да имам дадилки кои одговараат на моите деца и само сакам да бидам рок ѕвезда и постојано да се забавувам, не би била успешна и не била среќна“ - кажа пејачката во мај 2018 година, а потоа додаде: „Знам дека нема да бдие лесно, но вака ќе имаме неверојатни спомени. Ако моите деца одлучат дека сакаат да се вратат дома и да имаат нормален живот, што и да значи тоа, јас ќе останам со нив, бидејќи тие ми се приоритет“.
Минатиот месец Пинк откри дека еднаш ѝ било кажано дека децата ја уништуваат кариерата, но таа апсолутно не жали што основала семејство.
„Мислам дека тогаш навистина почна мојата кариера. Мислам, работев на многу работи пред да ги добијам децата, но кога станав мајка навистина почнав да се разбирам себе, светот и моето место во него.“
фото: Принтскрин / Инстаграм