Пинтерест ги откри модните трендови за 2022 година: На еден посебно се радуваат сите

Пинтерест ги откри модните трендови за 2022 година: На еден посебно се радуваат сите

Објавена во: Мода // In and Out

Според Пинтерест, следната година нема да излегуваме од пижамите во светли бои, но тоа не е она што најмногу ги воодушеви сите...

Петта година по ред Пинтерест објавува извештај во кој ги предвидува трендовите кои ќе ја одбележат новата година, а врз основа на истражувањето на навиките за пребарување на неговите 400 милиони корисници месечно во категории како што се дом, мода, здравје и убавина или патување.

Како што наведува оваа влијателна социјална мрежа и 2022 година ќе биде во знакот на здравјето, а одредени тренодви кои земаа залет во годината која е речиси зад нас, без сомнеж ќе бидат популарни и во месеците кои се пред нас.

Светлите бои, кои се присутни оваа година, ќе бидат на врвот на популарноста и ќе се продолжи нивното влијание во новата година. Пинтерест забележа пораст во пребарувањето на одредени бои, како електрично сината, од дури 140 отсто. Потрагата на фустани во боја на виножиното исто така е двојно зголемена, додека потрагата по фустани во боја на фуксија е зголемена за четири пати.

# Пижами

Удобноста и стилот станаа тесно поврзани кога е во прашање облекувањето, а тренд чија голема популарност Пинтерест ја предвидува за годината што следува ќе оди чекор напред. Ако оваа зима забележавме враќање на омразените UGG чизми и папучи генерално - во следните месеци повеќе ќе се фокусираме на пижамите.


Питнерест забележал пораст на пребарувањата на свиленкасти пижами од 96 отсто, предвидувајќи дека идниот трекд е инспириран од кодексот на облекување за спиење, како проѕирни пижами или оние со додаток од пердуви.


# Принтот шах

Според податоците на Пинтерест, шах принтот ќе го доживее врвот на својата популарност во месеците кои се пред нас, што се поткрепува со фактот дека потрагата по парчињата со овој дезен се зголемила за 160 отсто.

фото: PRINTSCREEN/INSTAGRAM

# Готски стил

Потрагата по лежерна готичка облека се зголемила за 90 отсто, додека потрагата по готски пижами се зголемила за 185 отсто. Благодарение на горенаведеното, Пинтерест е убеден во зголемената популарност на готскиот стил во знакот на корсети, тантела, кадифе и мрежести ткаенини.


# Бисери

Трендот од барокниот стил ќе земе замав и во годината која е пред нас, а бисерите ќе ја имаат една од главните улоги на модната сцена.


Во форма на ланчиња, украсни детали на облеката или истакнати на омилените додатоци, ќе бидат навистина посакувани. Ова Пинтерес го заклучува на основа на големиот интерес за фустани со детали со бисери, како и по ланчињата со бисери.


фото: SHUTTERSTOCK

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: