Писмо кое треба да го прочитаат сите кои имаат постари родители
Секој со постари родители треба да го прочита ова писмо. Многу родители доживеале отфрлање од нивните деца и треба да размислиме за овие зборови.
„Оставете ги вашите родители да стареат и да им ја покажете истата нежна и трпелива љубов каква што ви ја покажуваа кога растевте. Дозволете им да зборуваат и да ги прераскажуваат истите приказни, слушајте ги со интересот со кој ве слушале кога сте биле мали.
Пoпуштете им, не натпреварувајте се, како што толку пати ви дозволија да ги победите. Не ги карајте и не ги префрлајте што не мора да ви бидат на располагање, туку оставете ги да уживаат со своите пријатели, бидејќи тие ви дозволуваат да уживате со вашите. И исто како и во вашето детство напорно се трудеа околу вашите дружби.
Дајте им време со нивните внуци, нека бидат што повеќе со нив и кажете им ја мудроста што ја стекнале. И знајте дека притоа ве гледаат вас во нив.
Не ги нервирајте ако чуваат премногу стари и можеби кич работи во куќата, како и сосема непотребни ситници. Нека уживаат меѓу оние предмети што ги следат низ животот толку долго. Запомнете, тие страдаат кога чувствуваат дека некој им кине парчиња од животот.
И нека грешат, како што толку пати сте згрешиле, а не ве посрамотиле со тоа што ве исправиле.
Оставете ги да живеат и обидете се да ги израдувате овој последен дел од патувањето што им остана. Подајте им рака, како што ти подале рака кога си тргнал по свој пат!“, е заклучокот од писмото упатено до секое возрасно дете кое има среќа што неговите родители доживеале одредена старост и што тој има ги со него долго време.