Писмото кое Чаплин го напиша на својата ќерка за Божиќ ќе ве доведе до солзи!
Чарли Чаплин, легендарниот актер, почина во 1977 година, на Божиќ, а ова е неговото писмо, кое се споделува и понатаму.
Писмото кое ќе ве допре сите, а е наменето за неговата ќерка во овој период од годината е секогаш актуелно, а истото и ќе ве натера да пуштите по некоја солза. Во него тој пробува да и каже да остане засекогаш скромна и засекогаш да ги цени другите луѓе и да не дозволува славата да ја вообрази. Но, покрај ова отј и порачува дека тој бил пропалитет и скитни, но дека секогаш бил искрен и верен и ги почитувал другите. Прочитајте го писмото во целост:
„Девојче мое.
Вечер е. Божиќна вечер. Сите наоружени мажи отидоа на спиење. Заспиј го твојот брат, сестра. Дури и мајка ти заспа. Замалку ќе ги разбудев додека одев до оваа полуосветлена соба. Толку си далеку од мене. Но нека останам слеп, ако не си ми секогаш пред очите. Твојот портрет е тука на масата и во моето срце.
Каде си ти? Таму, во величенствениот Париз, танцуваш на големата театарска сцена на Јелисејските полиња. Свесен сум дека си далеку, но сепак понекогаш ми се причинува, во глувата ноќ, дека ги слушат твоите чекори, дека ги гледам твоите очи, кои светкаат како ѕвезди на зимското небо.
Слушам дека глумиш во таа претстава и дека ја играш улогата на персиската убавица која го освојува Татаркан. Убавина и танц. Биди ѕвезда и сјај! Но, доколку ентузијазмот и почитувањето на јавноста те отроват, ако мирисот на цвеќето кое ти го нудат те измами, седни во ќоше и прочитај го писмово, слушни го гласот на срцето. Јас сум твојот татко, Гералдина! Јас сум Чарли, Чарли Чаплин! Знаеш колку ноќи сум поминат покрај твојата постела додека беше дете, ти кажував бајки за Заспаната убавица и го будев змејот? И кога сонот ќе се навлечеше на моите стари очи, го бркав, велејќи: „Оди си! Сонот на мојата ќерка е и мој сон!“.
Ги гледав твоите соништа, Гералдина, твојата иднина. Ја видов девојката која игра на сцената, како самовила која лета на небото. Ја слушав публиката како вика: „Ја гледате ли таа девојка? Тоа е ќерка на една стара будала, се сеќавате ли, неговото име е Чарли?“. Да, јас сум Чарли. Јас сум стара будала! Сега е редот на тебе. Играј! Јас играв во преголеми распарани фармерки, ти играш во свилен фустан како принцеза. Тој танц и аплаузи понекогаш ќе те кренат до небото. Летај! Летај таму! Но, спушти се и на земјата!
Треба да го гледаш животите на луѓето, животите на уличните играчи кои се тресат од студ и глад. Јас бев како нив, Гералдина. Тие ноќи, тие магички ноќи додека ти спиеше, смирена од моите приказни, јас бев буден.
Ти го гледав лицето, го слушав чукањето на твоето срце и се прашував: „Чарли, те познава ли ова дете?“. Не ме познаваш, Гералдина. Многу приказни ти раскажував во тие ноќи, но неговата приказна – никогаш. А таа е исто така интересна. Тоа е приказна за гладна будала која пеела и играла на лондонските улици и собирала ситни пари.
Но, подобро е да зборуваме за тебе... Понекогаш ти оди со подземна железница или автобус, истражи го градот пешачејќи. Следи ги луѓето. Барај вдовици и сирачиња! И барем еднаш дневно кажи си на себе: „Јас сум една од нив.“ Да, ти си една од нив, дете мое. Уметноста, пред да му даде крилја на човекот за да може да лета, обично му ги крши нозете. И доколку дојде ден да помислиш дека си над публиката, веднаш напушти ја сцената и со првото такси оди на париските учите. Ги познавам многу добро. Таму ќе видиш многу играчи како што си ти, дури и поубави, поспокојни, погорди.
Заслепувачките светла на сцената таму нема да те следат. Нив ги обсјајува светлината на Месечината. Погледни ги добро! Зар не танцуваат подобро и од тебе? Признај го тоа, дете мое! Секогаш постои некој кој игра подобро од тебе, кој свири подобро од тебе. И запамети, твојот татко е Чарли, селанец кој пцуеше таксиња, исмејуваше сиромашни.
Поминав многу време во циркусот. И секогаш бев загрижен за оние кои шетаат на јаже. Но морам да ти кажам дека многу луѓе го допираат дното многу полошо отколку тие.
Се надевам дека постои чудо и дека навистина си сфатила се што ти напишав. Чарли остаре, Гералдина. Порано или подоцна, наместо во бел фустан за на сцена, ќе мораш да бидеш во жалост и ќе дојдеш на мојот гроб. Само погледни во огледало – таму ќе ме видиш мене, моите квалитети. Во твоите вени тече мојата крв. Кога крвта во моите вени ќе се олади, се надевам дека нема да го заборавиш твојот татко Чарли. Не бев ангел, но секогаш сакав да бидам човек. Пробај и ти.
Те бакнувам, Гералдина. Твојот Чарли. Декември, 1965.“