Писмото на Јован од Србија до родителите го насмеа интернетот: Отишол кај баба му и дедо му, па се покајал -„Помош! Тргнете ме од овде!“
Оние кои пораснале на крајот на 90-тите не знаеле за
социјалните мрежи и мобилните телефони, па кога повеќето од нив оделе во друга
земја, испраќале разгледници и писма за да контактираат со своите најблиски и
да им кажат како го поминуваат времето.
Еден Јован, од соседна Србија го направил токму тоа во 2001 година, а неговото писмо до родителите стана хит на социјалните мрежи.
Имено, како што можеме да заклучиме, Јован отишол кај баба му и дедо му, но баш и не му се допаѓало како му поминува времето таму.
Писмото го започнал обраќајќи им се на родителите и го критикувал дедо му што не го оставал да седи на каучот, бидејќи тоа е „само за лежење“.
„Драги мамо и тато. Грдо е овде. Дедо не ни дава да седнеме на кревет затоа што вели дека креветот e за лежење. Сега се игра. Тргнете ме одовде!!! Се каам. Не ми дозволуваат да одам во Рзав со моите другари“, напишал тој, а потоа им поставил неколку прашања на родителите:
„Како е целата зграда и кога ќе ме земете? Испратете ми писмо и ќе ги чекам сите одговори. Патем, Мики е добро. Помош!"
Видеото кое го прикажува писмото е прегледано повеќе од 100.000 пати и предизвика насмевки кај неколку луѓе.
„О, Боже, ова е хит! Се смеам и се сеќавам кога одев кај баба ми и дедо ми“, „Мики, јави ми се, добро си“, „Се смеам 15 минути“, „Децата се најсилни“, напишаа тие.
Фото: ТикТок- Screenshoot