Плачеш ли на тажни филмови: Научниците велат дека тоа е одлично
Филмовите како оној со кучето Хачико или љубовта на Титаник расплакаа милиони луѓе. Но, има и такви кои веруваат дека на филмовите плачат само „слабите“ луѓе. Истите се во голема заблуда.
Пол Џ. Зек од Универзитетот Клермонт спровел истражување кое потврдило дека за време на филмовите плачат оние кои развиле емпатија и дека токму тие луѓе знаат најдобро да излезат на крај со чувствата и се силни кога треба да се соочат со дневните животни предизвици.
Погледнете што точно се случува кога некој плаче додека гледа филм:
# Свесни сме дека тоа е само приказна, но мораме да ги искажеме своите чувства
Зак тврди дека когнитивно знаеме дека приказната која ја следиме е измислена и не е вистинска, но на емотивните сцени мора да плачеме.
# За се е виновен окситоцинот
Тоа е хормот кој управува со нашите невротрансмитери кога гледаме нешто трогателно. Преку него се поврзуваме со таа приказна, чувствата на другите, а подоцна дури и со акцијата која ја преземаме. Поради овој хормон сочувствуваме со другите и стануваме чувствителни за маките на другите, а истовремето тоа не прави посреќни.
# Тоа се луѓе кои не се плашат да ги покажат своите чувства
На оние на кои не им е неудобно што плаат додека нешто гледаат, всушност се психички посилни од оние кои ги кријат своите чувства. Тоа е така затоа што се похрабри и подготвени се да покажат што чувствуваат без страв од предрасуди.
# Силата на солзите
Зак докажал дека оние кои отворено плачат ја познаваат исцелителската моќ на солзите. Плачењето не поврзува со другите и со нив учиме за тоа што позитивно или негативно влијае на нашата околина и на тоа стануваме чувствителни.
# Тие не ги потиснуваат чувствата
Тоа се луѓе кои знаат дека понекогаш е потребно да се одвои време и да се сфати што ни се случува и тоа да се изрази со солзи. Со тоа се постигнува поголема емоционална стабилност и затоа тие луѓе се посилни од оние кои ги кријат чувствата.
# Не се грижат за родните предрасуди или очекувања
Досега сите безброј пати сме слушнале дека големите деца не плачат. Многу момчиња рано учат дека ќе испаднат „слаби“ доколку ги покажат чувствата или заплачат јавно. Бебињата не се разликуваат по тоа колку плачат. Тоа е човекова реакција која нема врска со полот или родот.
# Тие најдлабоко ќе го искусат животот
Окситоцинот е поврзан и со тоа колку сме подготвени да им веруваме на другите. А, оние кои можат својата доверба да им ја дадат на другите имаат висок процент на овој невротрансмитер и склопуваат длабоки пријателства и врски. Знаат да ги препознаат вредностите на околу себе. Таквите луѓе живеат подолго од оние кои не можат да им веруваат на другите и поради тоа во врските се често неопуштени и се во стрес.