Плачев кога децата си одеа од дома: Лепа Брена отворено за семејството
Лепа Брена проговори за своите синови и за нивната желба секој да основа свој живот и да замине од големата семејна куќа.
„Купивме голема куќа за да бидеме сите заедно, и тоа ни беше замислиата. Но сега се сменија работите, секое од децата сака да се осамостои и тоа е сосема нормално, затоа што не е нормално да живеат со родителите по дваесет и втората-третата година. Но, јас како мајка еден ден добро се изнаплакав. Плачев и кога Филип отиде на факултет, кога си замина од дома, исто и за Стефан, затоа што оваа куќа е празна кога нема деца во неа“ , раскажала пејачката која не се помирила лесно со тоа дека сите нејзини синови ќе заминат по свој пат и ќе градат нов живот со своите семејства.
Брена и Боба со синовите: Виктор, Стефан и Филип
Таа е сепак пресреќна што нејзиниот посинок Филип и снаата Александра, на неа и на сопругот Боба Живојиновиќ им подарија внук.