Планирате да носите штикли за новогодишната ноќ? Тогаш дефинитивно треба да ги знаете овие 3 трикови со нив

Планирате да носите штикли за новогодишната ноќ? Тогаш дефинитивно треба да ги знаете овие 3 трикови со нив

Објавена во: Мода // Moj стил

Мали ситници кои ќе ви помогнат.

Девојките кои не носат штикли секој ден не се баш во најдобри односи со нив. Ако сте една од оние девојки кои носат штикли само во специјални прилики, тогаш овие трикови добро ќе ви дојдат бидејќи носењето штикли малку ќе го олеснат.

Време е во годината кога повеќе девојки ќе носат штикли - доаѓаат новогодишни и разни божиќни забави. Сакаме да се дотеруваме за овие прилики, а целата комбинација изгледа подобро и попразнично кога е во комбинација со чевли со потпетици. Без разлика дали сте некој кој често носи штикли или ги носи само за специјални прилики еднаш годишно, дефинитивно треба да слушнете за овие три трикови. Тие ќе решат некои од најчестите проблеми што може да ги имате со штиклите. Ако и вие се најдете во некој од овие три проблеми, сега ќе дознаете дека за секој од нив постои супер едноставно решение.

Проблем 1: Ременчињата секогаш ве нервираат

Проблем 2: Ременчињата од страна ви паѓаат

Проблем 3: Имате проѕирни потпетици кои многу брзо се заматуваат

@sweastyle 3 heels hack to make your shoes comfortable to walk in  @CUCCOO 15% off C0DE: CFB37 #cuccoo  #CUCCOOBlackFriday  #cuccoobaddie  MONACO - Bad Bunny

Решение 1: Кога имате чевли со високи потпетици со повеќе ремени, не е невообичаено да ви прават пликови и не можете да издржите цела вечер во нив. За да го намалите триењето и да избегнете пликови или гребење на ременот, нанесете ролон само на делот од ногата каде што го имате.

Решение 2: Иако ременот на петата може да се стесни, понекогаш нема да ја имате таа опција или сепак ќе ви паѓа цело време. Во тој случај потребна ви е селотејп трака која е леплива од двете страни. Треба да го исечете до ширината на ременот и да го залепите од внатрешната страна, а потоа да го облечете чевелот. Идеално, ако можете да најдете таков што е транспарентен. Ќе го држи ременот на место.

Решение 3: Ако имате потпетици кои имаат проѕирен пластичен дел, знаете дека брзо се замаглува и дека на него се таложат капки пот. За да не се повтори ова, ставете масло за бебиња на памукче, поминете преку внатрешниот дел од петицата, избришете го целиот „пластичен“ дел и тоа треба да го реши проблемот.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: