Плановите пропаднаа: Џастин Бибер е позитивен на коронавирус
Според натписите во странските медиуми, резултатите од тестот на пејачот му пристигнале во саботата...
Светската „Justice“ турнеја на Џастин Бибер ќе мора да се одложи на некое време, бидејќи пејачот е заразен со коронавирус, пренесуваат странските медиуми. Според понатамошните натписи, минатата сабота дознал дека е заразен.
Симптомите се благи, тврди „TMZ“.
Бидејќи требало да одржи настап во Лас Веган, многу планови му пропаднале. Конкретно во овој град, концертот ќе одржи дури на 28 јуни.
„Ќе мораме да го одложиме дружењето поради позитивниот тест на корона во рамките на „Justice Tour“ семејството. Џастин, секако, е разочаран, но здравјето и безбедноста на екипата која работи и секако обожавателите се на прво место“ - беше се што беше соопштено од „T-Mobile Area“ во Лас Вегас.
За потсетување, турнејата требаше да почне во март 2020 година, но беше одложена поради пандемијата. „New York Times“ вели дека претставниците на Бибер уште не се слободни за коментар за моменталната ситуација.
Во јавноста, Џастин последен пат беше виден на „Супербоул“. На настанот се појави со сопругата Хејли, а друштво им правеа и Кендал Џенер и нејзиното момче Девин Букер.
фото: Инстаграм