Платила 210 евра за да добие совршена фризура: Салонот го напуштила во солзи

Платила 210 евра за да добие совршена фризура: Салонот го напуштила во солзи

Објавена во: Мода // Moj стил

Една девојка го сподели своето непријатно искуство од фризерски салон...

Одењето на фризер би требало да биде искуство кое ќе ве опушти и од салонот да излезете задоволни со новата фризура. За жал, некогаш се случува работите да не одвиваат онака како што сте очекувале.

Токму тоа ѝ се случи на Ејми, девојката која на социјалната мрежа ТикТок го сподели своето искуство кога е во прашање еден фризерски салон. Имено, таа кај фризерот заминала по препорака, а како што вели, салонот бил оценет со 5 ѕвезди, па немала никаква доза на страв дека нешто ќе тргне во погрешен правец.

Девојката на фризерката ѝ покажала фотографија од фризурата која ја сака и како што тврди, ѝ ја покажала повеќе пати за фризерката да биде сигурна во секој следен чекор кој би требало да го направи.

„Ако не се смеам, ќе плачам. Оваа катастрофа на главата ја платив 210 евра“ - раскажа Ејми.

Наместо посакуваните руси прамени, фризерката косата на Ејми ја офарбала во разни нијанси на црвена боја. 

Илјадници луѓе ја искоментираа нејзината објава, а многумина останаа запрепастени од фактот дека на фризерката морала да ѝ го плати целиот износ.

Ејми откри дека фризерката сакала повторно да ја префарба, но дека таа го одбила тоа.

„Навистина немав сила да седам таму знаејќи дека нема ништо да направи. Излегов расплакана од салонот и заминав дома. Ќе почекам да помине одреден период од фарбањето, па ќе одам во друг салон“ - заклучи Ејми.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: