„Плус сајз“ балерината ги руши сите предрасуди: Се соочи со критиките, а потоа отвори училиште во кое килограмите не се важни
Никогаш немала тело кое се смета за стандардно кога е во прашање балетот, меѓутоа нејзината желба за танцувањето била посилна од сите предрасуди...
Навикнати сме балерите да бидат витки, без грам повеќе. Но, постојат исклучоци кои неправедно наидуваат на предрасуди.
Џилија Дел Бјанко е балерина која повеќе од 30 години од својот живот има посветено на танцот. Покрај тоа што дипломирала во оваа дисциплина на Универзитетот Кампинас во Бразил, Џулија основала и свое училиште за танц. Во ова училиште, на часовите по балет се добредојдени сите, без оглед на тоа како се градени, а една од целите на Џулија е да ги сруши сите предрасуди кои модерното општество ни ги наметнува.
Џулија со балет започнала да се занимава уште во градинка, како 3 - годишно девојче, а кога наполнила 6 години се запишала во училиште за танц. Денес има 33 години и дури 30 - годишно танцувачко искуство.
Оваа девојка ги руши сите предрасуди, па иако на почетокот било тешко да ги спои двете, наизглед неспоиви работи - танцувачкиот стил кој е создаден за луѓето со витка фигура и својата конституција, таа успеала во тоа.
„Со балет започнав да се занимавам уште кога бев многу мала и немав проблеми, меѓутоа кога станав тинејџерка, моето тело беше со повеќе облини, отколку што се очекуваше од една балерина“ - вели Џулијана.
„Начинот на кој се однесуваа кон мене поради тоа и тоа што немав „тело на балерина“ ме ограничуваше на многу начини. Многумина го поврзуваа мојот изглед со мојата способност за танцување и не им беше важно што имам добра техника и многу искуство, едноставно се фокусираа на фактот дека немам идеално тело. Во еден момент и самата помислив дека не сум доволно добра танчерка и дека не сум и дека не сум достојна за можностите што ми се укажуваа.“
Како што вели и самата, никогаш немала тело кое се смета за стандардно, кога е занимавањето со балетот во прашање, меѓутоа нејзината желба за танц била посилна од сите предрасуди.
Денес има свое училиште за танц, а кога го отворила истото добила голема поддршка од луѓето кои исто така се соочиле со предрасуди поради својот изглед.
„Танц за плус / Танц за крупни личности е заедницата која на светот му докажува дека танцот не мора да биде казна за вашето тело или нешто што го правите за да изгледате онака како што другите очекуваат. Ова е забавна и пријатна активност, а училиштето за танц е место за уживање во танцот“ - вели Џулија.