По 12 години, омилените „Бунтовници“ повторно заедно: RBD концерт, нова песна, но без два познати лика

По 12 години, омилените „Бунтовници“ повторно заедно: RBD концерт, нова песна, но без два познати лика

Објавена во: Stars // Филм

Непосредно пред концертот, бендот објави спот за новата песна „Siempre He Estado Aquí“

„Бунтовници“, една од најпопуларните тинејџерски ТВ серии, се емитуваше од 2004 до 2006 година, со што стана неизоставен дел од растењето на младите ширум светот. Секојдневно, фановите внимателно ги следеа настаните од животот на Миа, Роберт, Лупита, Диего, Мигел, Џовани, Вики и Теа.

Поради нивната голема популарност, шест актери од серијата (Алфонсо Херера, Анаи, Дулсе Марија, Кристофер, Маите Перони и Кристијан) ја основаа музичката група РБД, која беше активна од 2004 до 2009 година, а потоа повторно се обединија на крајот на 2020 година.


Имено, RBD одржа виртуелен концерт во живо на 26 декември, наречен Ser o Parecer 2020, каде настапија четворица членови на оригиналниот бенд. Алфонсо и Дулсе Марија не настапија, наводно поради бременост.

Иако станува збор за виртуелен концерт кој немаше извици за еуфорија и аплаузи од илјадници обожаватели - Анаи, Маите, Кристофер и Кристијан беа целосно инспирирани да понудат претстава што разбуди чувства и ги натера фановите да сонуваат да можат повторно да ги видат во живо, барем уште еднаш.


Скоро два часа, елегантно облечени во црно, четворица млади Мексиканци кои пораснаа со генерацијата која денес има свои деца, успеаја да го исполнат ветувањето - да го разбудат чувството на носталгија кај слушателите и да понудат нешто ново .

Непосредно пред концертот, бендот издаде и видео запис за новата песна „Siempre He Estado Aquí“, кој беше објавен на сите платформи за стриминг истовремено.

Треба да се има на ум дека од 2005 до 2006 година, РБД успеа да продаде повеќе од 15 милиони плочи, а овој пат, среде пандемијата на вирусот ковид-19, бендот успеа да постави рекорд во продажба на електронски билети - поставувајќи преседан за најпродаваната емисија на шпански стриминг.

Сè уште не е познато дали групата ќе продолжи да настапува заедно. За нови информации, проверете го нивниот виртуелен концерт во живо:


Фото: Profimedia


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: