По 17 години „Пријатели“ повторно заедно: Погледнете ги првите фотографии и трејлер

По 17 години „Пријатели“ повторно заедно: Погледнете ги првите фотографии и трејлер

Објавена во: Stars // Филм

Долгоочекуваното обединување на актерите од серијата „Пријатели“ конечно ќе биде прикажано на 27 мај...

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер по 17 години повторно ќе бидат заедно на малите екрани.

Долгоочекуваното повторно обединување на актерите од серијата „Пријатели“ конечно ќе биде прикажана на 27 мај, а вчера конечно беа прикажани првите фототграфии, како и трејлер.


„Интересно е дека, кога се среќаваме, изгледа како да нема помина толку многу време. Само продолжуваме таму каде што застанавме“ - кажа Мет Лебланк, кој го игра ликот на Џои во серијата.

Кортни Кокс за магазинот „People“ истакна дека за време на снимањето ја преправиле спомените од „10 - те незаменливи години“.

Иако епизодата која ја снимаа немала сценарио, секој од нив има идеја со што секој од ликовите би се занимавал денес.

„Јас можеби би отпочнала мал бизнис, некоја модна колекција. Би живеела на Апер ист сајд во Њујорк, секако“ - кажа Рејчел, односно Џенифер Анистон.

„Моника би била оној тип на мајка која би се натпреварувала со другите. Без разлика дали е во прашање продажба на колачиња во училиште или нешто друго, би била навистина напорна“ - кажа Кокс.

Лиза Кудроу смета дека Фиби „би живеела во Конектикат со Мајк и останатите деца и дека во училиште би била задолжена за ликовната култура. Секогаш би ги поддржувала поинаквите деца, како неа“.

„Чендлер би бил прекрасен татко и одличен комичар“ - кажа Метју Пери. Што се однесува до Џои, тој би „отворил сендвичара и би ги јадел сите сендвичи“ - јасен беше Лебланк.

Рос, освен играњето со коски како палеонтолог, „дел од буџетот на неговите деца би ги инвестирал во сендвичарницата на Џои - и ќе изгубеше сè“.

Специјалната епизода - со специјалните гости, помеѓу кои се Лејди Гага, Џастин Бибер, Дејвид Бекам, ќе биде емитувана на 27 мај на американскиот стриминг сервис HBO Max.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: