По 3 години на публиката ѝ подари нова музика, но кои се најслушаните песни на Каролина Гочева на Јутјуб?

По 3 години на публиката ѝ подари нова музика, но кои се најслушаните песни на Каролина Гочева на Јутјуб?

Објавена во: Stars // Музика

Првите денови на јуни поминуваат во знакот на Каролина Гочева. Македонското девојче по три години, конечно објави нова музика. Станува збор за евергринот „Идила“, кој пред многу години го отпеа Нина Спирова.

Оваа песна е најава за нејзиниот нов албум, кој светлината на денот ќе ја здогледа наесен. Станува збор за албум на кој Каролина, заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски ќе ги оживеат подзаборавените песни кои младите можеби ќе ги слушнат за првпат, а воедно и ќе ги потсетат повозрасните на некои минати времиња.

„Биравме многу внимателно и тоа беше процес кој траеше речиси две години, а со пандемијата си дадовме и плус време од тоа што беше планирано. Повеќето песни кои ги избравме се такви кои не биле многу изведувани низ годиниве, имаме музика од 60ти, 70ти, имаме дури и песна која Димитар Масевски ја напишал ‘57 година. Си дадовме доволно време за да најдеме подзаборавени скриени “бисери” кои заслужуваат втор живот.“ - откри таа во интервјуто за Женски Магазин.

Додека го очекуваме новиот албум на Каролина, решивме да ве потсетиме на неколку нејзини песни. Бидејќи, изборот не баш лесен, се водевме по листата на најслушани песни од неа на Јутјуб. Во продолжение погледнете кои 5 нејзини песни имаат најмногу прегледи на оваа социјална мрежа:

# „Више се неврачаш“ - 7.163.388 прегледи


# „Две лири“ - 7.151.042 прегледи


# „Ѕвона“ - 2.987.887 прегледи


# „Кој да ми запее“ - 2.890.344 прегледи


# „Чалгиска“ - 2.696.899 прегледи


Фото: Стефан Рајхл, приватна архива


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: